Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ултиматум од „Маршот за ангелите“: Од 3 октомври нема веќе маршеви, туку блокади и протести
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ултиматум од „Маршот за ангелите“: Од 3 октомври нема веќе маршеви, туку блокади и протести
МАКЕДОНИЈА

Ултиматум од „Маршот за ангелите“: Од 3 октомври нема веќе маршеви, туку блокади и протести

Објавено September 27, 2025 20:03
Сподели
Сподели

Институциите во Република Македонија имаат рок до 3 октомври. Нема да има повеќе мирни маршеви, туку протести и блокади. Ова го изјавија родителите на децата што загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани од 24-тиот „Марш за ангелите“.

Родителите на загинатите во пожарот бараат одговори од судските органи, кои доколку не ги добијат во наредните денови, ќе предизвикаат сериозни протести и блокади низ целата земја.

Граѓанското здружение „16 март 2025 Кочани“ потсетува дека маршевите се посветени на нивните 62 ангели, чии животи беа насилно прекинати на 16 март 2025 година.

„Овој марш е симбол на единство, достоинство и глас што бара одговорност. Го посветуваме на ангелите што никогаш нема да бидат заборавени и на борбата за вистината што им ја должиме“, се вели во соопштението.

Маршот денеска започна од Паркот на револуцијата, помина пред Трговскиот центар и зградата на Општина Кочани. Потоа продолжи до Даночната управа со кратка пауза кај кружниот тек, по што колоната продолжи до полициската станица. Потоа оттаму до Основниот суд и Обвинителството, враќајќи се во Паркот на Револуцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен
Следна Статија Имало ли „спонзори“ при операцијата за промена на името?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гради Меморијален парк на местото на модуларната болница во Тетово во спомен за жртвите од пожарот

Пред одделението за инфективни болести во Тетово ќе се гради меморијален парк во чест на жртвите од модуларната болница која…

July 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните ќе можат од својот дом да симнат и испечатат документи, наместо да одат на шалтер

Со гордост сакам да ви соопштам дека вчера, на Комисијата за транспорт и дигитална трансформација, 4 клучни закони кои се…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Приватните превозници се враќаат на скопските улици

Приватните превозници од денеска се враќаат на скопските улици, откако се откажаа од најавените блокади по одржаната координативна средба во…

December 2, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?