Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Унгарски аналитичар: Зеленски треба да престане да ги лаже Украинците дека ќе влезат во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Унгарски аналитичар: Зеленски треба да престане да ги лаже Украинците дека ќе влезат во ЕУ
СВЕТ

Унгарски аналитичар: Зеленски треба да престане да ги лаже Украинците дека ќе влезат во ЕУ

Објавено November 5, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да престане да ги залажува граѓаните на Украина за реалните изгледи на неговата земја за пристапување кон Европската Унија, порача унгарскиот политички аналитичар Золтан Коскович од Центарот за основни права.

-Не. Нема да влезете во ЕУ. Престанете да го лажете својот народ, напиша Коскович на социјалната мрежа Икс, реагирајќи на изјавата на Зеленски дека Украина е „подготвена да го отвори првиот, вториот и шестиот кластер од преговорите“ во процесот на евроинтеграција.

Зеленски тогаш наведе дека „извештајот на Европската комисија за Пакетот за проширување потврдува оти Украина самоуверено чекори кон членство во ЕУ“, што во Унгарија, како и повеќе аналитичари во Брисел, го оценија како политички спин без основа во реалноста.

Според Коскович, украинскиот лидер се обидува на внатрешното јавно мислење да му претстави илузија на европска перспектива, додека реалноста е сосема поинаква – многу земји членки не го поддржуваат отворањето преговори, а некои дури ја доведуваат во прашање и понатамошната финансиска поддршка за Киев.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан неодамна изјави дека „не би сакал остатокот од Украина да се приклучи на Европската Унија“ по завршувањето на конфликтот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Манасиевски: СДС е трета партија во државата, петта во Скопје, Филипче под диктат на Заев ја доведе партијата до целосен пад
Следна Статија МВР: Лица на 35 и 56 години се загинатите во тешката сообраќајка вчера на патот Градско – Прилеп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Starship на Маск изведе нов лет, немаше напнат маневар, Трамп гледаше сè

Вчера вечер SpaceX го изведе шестиот пробен лет на својата ракета Starship, најмоќната ракета некогаш направена. Starship беше лансиран од…

November 20, 2024
СВЕТ

Русија го стопира транспортот на казахстанска нафта кон Германија преку „Дружба“

Русија од мај повеќе нема да транспортира нафта од Казахстан до Германија преку нафтоводот „Дружба“, соопшти рускиот вицепремиер Александар Новак.…

April 22, 2026
СВЕТ

Целосна демонтажа на УСАИД, забранет влез за вработените

Околу илјада луѓе се собраа синоќа пред седиштето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) на гласен протест откако претседателот…

February 4, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Објавена нова снимка од падот на Боингот во Индија, секунди по полетувањето

Авион на „Ер Индија“ што леташе кон Лондон со 242 лица се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?