Синдикалната организација на Јавните обвинителства при Синдикатот на УПОЗ предупредува дека јавно-обвинителската служба е на работ на целосен колапс поради масовно заминување на кадар, предизвикано од, како што велат, континуирано потценување и не-вреднување на трудот на службениците.
Според нив, единствениот излез е донесување на новиот Закон за јавно-обвинителска служба. Од синдикатот велат дека работната група составена од претставници од самите обвинителства во соработка со Министерството за правда изготвила Предлог-закон што ги решава клучните проблеми – услови за работа, надоместоци, дежурства и, најважно, систем на плати. Но, со објавувањето на верзијата на законот на ЕНЕР, тие реагираат дека се игнорирани нивните предлози и повторно се оставаат без суштински решенија.