Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „One Stop Shop“ на граница пред летната сезона-Македонија и Албанија со нови мерки за побрз премин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „One Stop Shop“ на граница пред летната сезона-Македонија и Албанија со нови мерки за побрз премин
МАКЕДОНИЈА

„One Stop Shop“ на граница пред летната сезона-Македонија и Албанија со нови мерки за побрз премин

Објавено January 28, 2026 17:25
Сподели
Сподели

Пред почетокот на летната сезона Македонија и Албанија ќе го имплементираат системот „One Stop Shop“ за побрз и поедноставен граничен премин, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој на заедничка прес-конференција со албанската министерка Албана Кочиу истакна дека тимови од двете држави веќе работат на реализацијата.

Тошковски информираше и дека е договорено унапредување на Центарот за меѓугранична соработка со зголемување на капацитетите и надлежностите, што ќе овозможи побрза координација меѓу службите. Разговарано било и за можноста граничниот премин Џепиште – Требиште да премине на 24-часовен режим на работа преку целата година.

Кочиу оцени дека мерките ќе го олеснат движењето на граѓаните и товарниот транспорт и ќе ја зајакнат економската соработка. Таа посочи дека во 2025 година биле реализирани околу пет милиони преминувања и 1,5 милиони возила, што ја потврдува потребата од поефикасни заеднички гранични точки. Министерката го покани Тошковски во официјална посета на Тирана за финализирање на договорените активности.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Имало пријави за судијата Ристов во Судски совет, но Камбовски не се сеќава да бил пријавен за мито
Следна Статија Филипче: Подготвени сме за избори во кое било време

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Силјановска Давкова: Генералка викенд да прерасне во Генералка 365 дена, штитејќи ја природата се штитиме себеси

Штитејќи ја природата се штитиме себеси, а генералка викенд треба да прерасне во генералка од 365 дена, порача денеска од…

May 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје

Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!, порача…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментов

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментот до таму каде…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Топлотен бран ја зафаќа земјава – препораки за заштита од високите температури

Од денеска до 13 август, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува значително зголемување на дневните температури,…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?