Најбрзиот човек на светот, атлетичарот Усеин Болт од Јамајка, ќе биде амбасадор на специјализираната меѓународна изложба „EXPO“, која треба да се одржи во Белград во 2027 година, објави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ објави дека „EXPO“ ќе има неколку амбасадори на брендот, но дека еден од нив ќе биде Болт – „најбрзиот човек досега“, пренесува Бета.
Експо 2027 ќе ја чини Србија 1,3 милијарди евра само во директни трошоци. Со овие, трошоците за директни и индиректни инвестиции за Експото ќе достигнат дури 17 милијарди евра. Сето ова за настан што ќе трае само три месеци, од мај до август 2027 година.
„Сакаме EXPO да биде најголемиот настан во светот и тоа ќе биде во 2027 година. Специјализираниот „EXPO – Танц и музика во Србија“ ќе биде најголемиот настан во светот“, рече Вучиќ, додавајќи дека досега 115 земји го потврдиле своето учество на изложбата.
Според него, на изложбата во Астана учествувале 117 земји учеснички, додека во Србија се очекува да бидат присутни 135 земји.
Според спрпскиот претседател, многу важно за Србија да ја зголеми видливоста на EXPO, како и дека меѓу амбасадорите на брендот ќе бидат „некои од најпознатите актери и фудбалери“.
„Но, никој што е апсолутно непобедлив како Јусеин Болт“, рече Вучиќ.
Атлетичарот Усеин Болт рече дека е голема чест за него што е во Србија за прв пат и што може да го претстави на целиот свет.
Усеин Болт одлучи да го помине вторникот наутро во Белград, а за тоа доби сериозни пари, пишува Nova.rs. Всушност, познато е под која бројка јамајканскиот спринтер нема да се натпреварува на ниту еден настан.
Хонорарите за кои Болт се појавува на вакви настани не се под 200.000 долари. Тој наплаќа од 100 до 200 илјади долари за да се придружи на виртуелна работилница, а најмалку 200 илјади за да се појави на настан во живо.