Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре е Бадник: Што се треба да се најде на масата?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Утре е Бадник: Што се треба да се најде на масата?
МАКЕДОНИЈА

Утре е Бадник: Што се треба да се најде на масата?

Објавено January 5, 2026 09:41
Сподели
Сподели

Бадник го означува почетокот на подготовките за најрадосниот христијански празник – Божик. Името е поврзано со бадникот, дабово дрво кое традиционално се сече и се внесува во домот, а овој ден изобилува со обичаи и симболи кои и денес се почитуваат во многу семејства.

Иако обичаите со текот на времето се приспособиле на современиот начин на живот, Бадниковата вечер останала клучна и со посебно значење. Домаќинките подготвуваат богати посни јадења, верувајќи дека храната на трпезата влијае врз здравјето, слогата и просперитетот во претстојната година. Сите јадења остануваат на масата до Божик.

Бадниковата вечера е последниот посен оброк во годината, но според народните обичаи секогаш е богата и разновидна. Трпезата не се расчистува по вечерата – сите јадења остануваат на масата до Божик. Обичајот налага да се вкуси од сè што е подготвено. Вечерата се консумира во тишина, а се верува дека токму на Бадник е најдобро да се помириме доколку имало несогласувања, за следната година да помине во хармонија и слога.

Едно од најважните правила на Бадниковата вечера е да се подготви непарен број јадења, што се смета за симболичен заштитник на домот и показател на почит кон традицијата. Главната цел на вечерата е собирањето на целото семејство за заедно да го дочека Божик. На трпезата задолжително има риба и грав, а вечерата завршува со суво овошје, компоти, посни пити и колачи.

Според традицијата, на Бадниковата вечера треба да се најдат следните намирници:

Погача која се крши, а не се сече
Леб и сол
Пржена риба
Грав
Кисела зелка и туршија
Мед и вино
Покрај храната, на масата се става свеќа, и сито или тепсија со четири големи црвени јаболка, жито, малку пченка, пари, суви сливи и ореви.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е Свети Наум Охридски – Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ
Следна Статија Изненадување:Silksong победи на Годишната Steam награда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонските малолетници „дремат“ по пет часа на интернет дневно!

Анкетата на АЕК е спроведена од 18 мај до 5 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници од…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Тема на денот во Централниот дневник на ТВ Сител, изјави дека градоначалничката на Скопје,…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ченто и порача на Кацарска: Времето ги открива улогите, за скоро…следете

Jaне Ченто, еден од осудените на настаните од „27 април“, на Фејсбук реагира на поранешната судијка во Кривичниот суд, а…

February 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Протест во Кочани: Не умираме од несреќи, умираме од корупција (ВИДЕО)

Со транспаренти „Народот страда додека системот ужива“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Гласот на народот е посилен од…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?