Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УХМР издаде жолто ниво на предупредување од поплави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > УХМР издаде жолто ниво на предупредување од поплави
МАКЕДОНИЈА

УХМР издаде жолто ниво на предупредување од поплави

Објавено November 28, 2025 12:43
Сподели
Сподели

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување поради потенцијална опасност од поплави и апелира на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, пред сè на оние во југоисточните, источните и североисточните делови на земјата.

Во текот на ноќта имаше значително зголемување на водостоите во југоисточниот, источниот и североисточниот дел од земјата. Висок водостој моментално има во сливот на река Брегалница вклучително и нејзините притоки, во сливот на Крива и на Пчиња, како и во сливот на река Струмица заедно со притоките и суводолиците во рамки на нивните сливови. Во текот на денешниот ден се очекува да останат високи водостоите во посочените сливови, а на поединечни места можно е да има локални излевања или заезерувања на водата, соопшти УХМР.

Според хидролошките мерења, високо е нивото на водата во реката Вардар во горниот дел од течението.

Во западниот дел од земјата се очекува помал прираст на водостоите поради студеното време во тој регион и поради тоа што на планините врнежите ќе бидат во вид на снег. Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во земјата пред сè на оние во југоисточните, источните и североисточните делови на земјата, алармира УХМР.

За денеска УХМР издаде портокалов метеоаларм за обилни врнежи од дожд во источните делови од Македонија, каде се очекува да наврне над над 35 литри на квадратеен метар.

На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пожар во висококатница во Хонг Конг усмрти најмалку 55 лица, стотици се пријавени како исчезнати
Следна Статија Кембелс го отпушти извршниот директор поради наводен расистички говор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан

Се преземаат активности по насоки на Јавното обвинителство и колку што сум информиран во моментов се сослушуваат одреден број на…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ричард Гренел, пријателот на Мицкоски, Трамп го назначи за специјални мисии

Пријателот на премиерот Христијан Мицкоски, Ричард Гренел- поранешен шеф на Националната разузнавачка служба, сега е назначен на висока позиција на…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата го усвои Предлог законот за јавно обвинителство

Владата на денешната редовна 140 седница го усвои Предлог законот за јавно обвинителство, како еден од клучните чекори во спроведувањето…

December 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Туризмот бележи раст од 20% и очекувам овој тренд да продолжи

По седум години денеска повторно е отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?