Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уценувал скопски бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уценувал скопски бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите
ХРОНИКА

Уценувал скопски бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Објавено October 9, 2025 17:18
Сподели
Сподели

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради сомнение дека изнудувал 300.000 евра од Роберт Хот, на кого му се заканувал со ликвидација доколку не ја исплати бараната сума, дознава Плусинфо.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, оштетениот Роберт Хот пријавил дека непознато лице со сериозни закани по неговиот живот бара огромна сума пари.

Полицијата веднаш постапила и во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје започнала тајна акција за спречување на изнудата.

На 8 октомври 2025 година, во рамките на полициските активности, од оштетениот биле привремено одземени 20.000 евра во различни апоени, кои биле крим-технички обработени заради идентификација.

По утврдување на нивната оригиналност, парите му биле вратени на Хот, за да ги предаде на сторителот кој требало да ги земе следниот ден во неговата канцеларија.

На 9 октомври, при самото примопредавање на парите, полициските службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје извршиле заседа и го уапсиле осомничениот Сологуб.

Кај него биле пронајдени обработените 20.000 евра и патна исправа на Република Босна и Херцеговина.

Лицето е задржано за понатамошна постапка, а полицијата и обвинителството продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот и утврдување на евентуални соучесници.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германските општини заработија 430 милиони евра од данокот на кучиња
Следна Статија Одбраната и Обвинителството со спротивставени ставови за психичката состојба на Штекли, Судот ќе решава дали ќе има супер вештачење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обвинителот побара доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 година на свиреп начин ја уби штипјанката Емилија Пешева,…

February 10, 2025
ХРОНИКА

Трет ден без трага од исчезнатата Лидија

Полицијата ја продолжува потрагата по 43-годишната Лидија Трајковска, која трет ден е исчезната. Семејството кое го пријави исчезнувањето вели дека…

November 10, 2024
ХРОНИКА

Сведочи адвокатот на Палчо: Ми рече „Знаев дека ќе наместат“

Васко Стојков, адвокатот што го возеше Љупчо Палевски – Палчо, сведочејќи на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и…

November 13, 2024
ХРОНИКА

Дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Поголема количина разновидна наркотична дрога е пронајдена при претрес во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на Општина Аеродром,…

July 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?