Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одбраната и Обвинителството со спротивставени ставови за психичката состојба на Штекли, Судот ќе решава дали ќе има супер вештачење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Одбраната и Обвинителството со спротивставени ставови за психичката состојба на Штекли, Судот ќе решава дали ќе има супер вештачење
ХРОНИКА

Одбраната и Обвинителството со спротивставени ставови за психичката состојба на Штекли, Судот ќе решава дали ќе има супер вештачење

Објавено October 9, 2025 17:16
Сподели
Сподели

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска заврши сослушувањето на вештите лица од Oбвинителството во случајот „Штекли“.

Судечкиот совет најави дека ќе ги разгледа сите вештачења и ќе донесе одлука на следното рочиште, закажано за 13 октомври 2025. Од исходот ќе зависи дали предметот ќе биде даден на супер вештачење или ќе продолжи главната расправа.

Вештачењата се однесуваа на психичката состојба на обвинетиот Раде Трајковски Штекли. Одбраната преку вештачењата тврдеше дека тој е психотичен и не е во состојба да ја следи главната расправа, додека, Oбвинителството преку вештачењата тврди дека тој е во добра здравствена состојба.

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, пред судот сведочеше вештото лице Оливера Поповска, вработена во Психијатриската болница Скопје. Таа беше испитувана од страна на адвокатот Сашко Дуковски, бранител на обвинетиот Раде Штекли, преку вкрстени прашања.

Поповска во своето сведочење пред Обвинителството изјави дека Штекли има добра психичка состојба, и покрај наводите за „магиско мислење“, кое според неа не претставува показател за халуцинации. Таа додаде дека кај него не може да се дијагностицира шизофренија, но се забележуваат одредени карактеристики на дисоцијалност и шизотипни црти, кои не ги исполнуваат сите критериуми за шизотипно растројство.

Адвокатот Дуковски остро реагираше на вештиот наод, нарекувајќи го недозволен доказ. Според него, по стапувањето на обвинителниот акт на правна сила, не е дозволено самостојно издавање наредби за нови вештачења од страна на застапникот на обвинението, согласно член 246 од Законот за кривична постапка. Тој нагласи дека само Судечкиот совет може да одобри таков предлог, а одбраната има право да се противи.

По сослушувањето, претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, најави дека Судот уште еднаш ќе ги разгледа двете вештачења.

-Ќе донесеме одлука на следното судење и зависно од одлуката каква ќе биде или ќе го дадеме предметот на супер вештачење или ќе продолжиме со работа, рече тој.

Главната расправа продолжува на 13 октомври.

Обвинението, поднесено од Обвинителството за гонење на организиран криминал, опфаќа вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага во која биле применети посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.

Четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков, исто така, поднесоа предлог за признавање вина, по што Судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка.

Според Обвинителството, групата била добро организирана, со јасно дефинирани улоги – од набавка до продажба на кокаин и марихуана. Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Комуникацијата се одвивала преку апликацијата Snapchat, а клучни докази биле обезбедени преку „Cellebrite“ системот за анализа на мобилни телефони, донација од САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уценувал скопски бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите
Следна Статија Само куќен притвор за осомничените во случајот со РЕК Битола, Обвинителството ќе се жали на одлуката на судот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Обезбедувањето ми го спаси животот, кажа сведок на денешното судење за „Пулс”

Сведоци кои биле во дискотеката „Пулс" кобната ноќ кога избувнал пожарот во кој животот го загубија 63 лица, а над…

March 5, 2026
ХРОНИКА

Ристова: Државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, додека не ни се случи Рибникар( скраја било)

Адвокатката Маја Ристова повторно реагираше за случајот со врсничкото насилство во Штип, откако добила решение од Вишото јавно обвинителство во…

July 2, 2026
ХРОНИКА

Избил пожар во единствената градинка во Железара „Детска радост“ – „Калинка“, причината е болјерот во кујната

Вчера утрото избил пожар во кујната во клонот на градинката „Детска радост“ - „Калинка“ во населбата Железара - општина Гази…

November 14, 2024
ХРОНИКА

Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети

Тригодишно дете се затруло од таблети. Случајот во полицијата го пријавиле лекарите од кумановската Општа болница, соопшти денеска СВР Куманово.…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?