Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Само куќен притвор за осомничените во случајот со РЕК Битола, Обвинителството ќе се жали на одлуката на судот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Само куќен притвор за осомничените во случајот со РЕК Битола, Обвинителството ќе се жали на одлуката на судот
ХРОНИКА

Само куќен притвор за осомничените во случајот со РЕК Битола, Обвинителството ќе се жали на одлуката на судот

Објавено October 10, 2025 08:09
Сподели
Сподели

Нема мерка притвор за двајцата осомничени во предметот за злоупотреби со јавни набавки во РЕК Битола. Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство, им одреди само куќен притвор.

Од Обвинителството реагираа на ваквата одлука. Велат дека не се согласуваат со мерката и дека ќе поднесат жалба, со барање да им се одреди ефективен притвор.

„Особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, од кои едниот поседува и значителен имот во друга држава, Обвинителството смета дека мерката куќен притвор не е соодветна“, соопштија од ОЈО Битола.

Според истрагата, ОЈО Битола отвори предмет против осум физички и едно правно лице за злоупотреби при јавни набавки во РЕК Битола.

Во фокусот се поранешниот директор на комбинатот и четворица раководители и директори од Подружницата „Рудници“ во РЕК Битола, кои се сомничат дека во текот на 2023 година, како соизвршители, сториле продолжено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ според член 353 од Кривичниот законик.

Според доказите прибавени од Управата за финансиска полиција, осомничените свесно ги прекршиле правилата за економичност и ефикасност при јавна набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во „Рудници“ – РЕК Битола.

Иако знаеле дека транспортот на јаглен во рудникот „Живојно“ не треба да се изведува преку континуирана технологија (со ротирачки багери и транспортни ленти), тие организирале јавна набавка што ја фаворизирала една приватна компанија — сега исто така под истрага — која станала единствен понудувач и склучила договор од кој остварила противправна имотна корист од големи размери.

Понатаму, дел од раководителите во РЕК Битола и едно службено лице се осомничени и за измама во службата, бидејќи потпишувале лажни извештаи и записници дека работите биле целосно завршени, иако немало никакви извршени активности.

Фирмата пак, преку фактури, од комбинатот незаконски наплатила над 106 милиони денари со вклучен ДДВ.

Обвинителството отвори постапка и против сопственикот и управителот на фирмата, како и против едно лице вработено во компанијата, за злоупотреба на постапката за јавен повик и јавно-приватно партнерство.

Од обвинителството велат дека предметот е во истражна фаза и дека во наредниот период ќе бидат сослушани повеќе сведоци и вештаци со цел да се потврдат сомнежите за злоупотреби, фалсификувани извештаи и незаконско плаќање на непостоечки работи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одбраната и Обвинителството со спротивставени ставови за психичката состојба на Штекли, Судот ќе решава дали ќе има супер вештачење
Следна Статија Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Неподвижен човек побарал помош на 112, откако три дена немал јадено ни пиено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека добил пријава на бројот за итни случаи 112 од жител на кочанското…

December 8, 2024
ХРОНИКА

Струмичани украле 160 вреќи компир од камион сопственост на жител од тетовско

Полицијата сомничи четири лица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски…

November 30, 2025
ХРОНИКА

Момче возело со 175 км/ч каде е дозволено 100 км/ч, полицијата го уапси

На автопатот Скопје-Тетово вчера во 14.42 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле…

June 11, 2025
ХРОНИКА

Приведен скопјанец во Неготино по напад врз поранешната сопруга

На 29 август 2025 година во 09:50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 34-годишниот И.П.С. од…

August 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?