Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Учениците од Прилеп го формираа македонското знаме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Учениците од Прилеп го формираа македонското знаме
МАКЕДОНИЈА

Учениците од Прилеп го формираа македонското знаме

Објавено October 10, 2025 15:47
Сподели
Сподели

Во центарот на Прилеп 1.200 ученици го формираа македонското знаме, симболот на љубовта, единството и гордоста кон татковината.

Овој впечатлив настан е дел од богатата програма со која Прилеп го одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, празник кој е длабоко врежан во нашето историско и општествено битие.
Учениците, наставниците и училиштата, со својата енергија и посветеност придонесоа да продолжи традицијата за формирање на знамето и зачувавање на љубовта кон татковината од најмлада возраст, велат од општина Прилеп.

Фото: ЛС Прилеп

Вечерва, во очи на празникот ќе се реализираат бројни активности во градот. Од 18.30 часот ќе има отворање на изложба на дела од ДЛУП во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“, посета на Меморијалниот музеј 11 – ти Октомври, пригодна културно уметничка програма, огномет, а потоа на плоштадот Александрија ќе следи настапот на Влатко Лозановски.
Утре, пак, на 11 Октомври, ќе има полгање на цвеќиња на спомен обележјата на Методија Андонов Ченто, на Кузман Јосифоски – Питу и на Могилата на непобедените, а потоа во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи централната, односно владината прослава за празникот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коцевски до Адвокатската комора: Местото за соочување на доказите поврзани со дискотеката „Пулс“ е судницата, а не медиумите
Следна Статија ДУИ бара повлекување на предлог-законот за правична застапеност и враќање на „балансерот“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: „Безбеден град“ има за цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди

Овој систем го развиваме со единствена цел за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди, повредите и…

January 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка до Трамп за победата: Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до претседателот Доналд Трамп за неговата победа на изборите за претседател на САД. -Во мое…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите

Уставниот суд поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување,…

November 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонските и бугарските историчари зборувале за заеднички чевствувања и за препораки за македонските учебници за 7 одделение

Во Софија вчера и денеска се одржа 33. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Како…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?