Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Училиштата кои нeмаат доволно учебници, да ги побараат во ПДФ-формат на веб страната на Педагошката служба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Училиштата кои нeмаат доволно учебници, да ги побараат во ПДФ-формат на веб страната на Педагошката служба
МАКЕДОНИЈА

Училиштата кои нeмаат доволно учебници, да ги побараат во ПДФ-формат на веб страната на Педагошката служба

Објавено September 23, 2025 08:41
Сподели
Сподели

За училиштата во кои недостигаат учебници затоа што не ги пријавиле навреме потребните тиражи, МОН ќе им ги обезбеди во ПДФ-формати што ќе бидат ставени на веб-страницата на Педагошката служба.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека МОН тоа го побарало од издавачките куќи, тие ги доставуваат учебниците во ПДФ-формат и Министертсвото, рече, веќе ги поставува учебниците како ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба. И овојпат таа нагласи дека се испорачани онолку учебници колку што пријавиле самите училишта.

„Учебници има, сè што побарале училиштата, сè е испорачано. На Министерството му е сосема сеедно дали ќе отпечати милион или милион и двесте илјади учебници затоа што имаме рамковна спогодба за печатење. Значи, тоа што е побарано е испорачано. Уште еднаш повторувам – до последен учебник кој е побаран од Министерството е обезбеден. Оттука, не прифаќам дека може да се рече дека учебници нема. Дали се во подобра или полоша состојба, тоа зависело од комисијата што ги примала, од директорите, и оттука натаму сметам дека ова прашање треба да биде затворено и во иднина да немаме никакви вакви проблеми“, рече Јаневска денеска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на училиштето „Св. Наум Охридски“.

Како што рече, поставени се јасни правила, има јасен и прецизен закон што функционира, упатства и правилник за работа кои „од следната година ќе мора да се почитуваат до последен детаљ“.

Диструбицијата на учебниците е завршена, остануваат, рече, два учебника за први клас гимназија – еден е спорен, а еден е во процедура.

„Тие ќе бидат дистрибуирани тогаш кога ќе се реши ова. Сите други учебници се дистрибуирани, додаде Јаневска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА
Следна Статија Цената на златото достигна нов рекорд: Банкар од Дојче Банк вели дека тоа е знак дека нешто се крие

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ја доби Петровска на суд: Екс министерката мора да се извини

Поранешната министерка за одбрана и сегашна пратеничка на СДМ Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против Христијан Мицкоски, граѓанскиот суд…

June 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тозија: Почит за нашите херои во бело

Во овие тешки моменти, здравствените работници неуморно се борат за секој живот. И покрај уморот тие даваат се од себе…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Државната лабораторија неакредитирана – квалитетот на воздухот во најзагадениот град во Европа го следи само еден вработен

Централната лабораторија на Министерството за животна средина сѐ уште не е акредитирана за ниту една метода за следење на квалитетот…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши се зачлени во библиотека

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска повторно се „зачлени“ во библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Ова следуваше по топлиот…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?