Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Годинава преку 800 компании се вклучени во дуалното образование
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Годинава преку 800 компании се вклучени во дуалното образование
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Годинава преку 800 компании се вклучени во дуалното образование

Објавено April 27, 2026 14:32
Сподели
Сподели

Во просториите на Стопанската комора на Македонија денес се одржа четвртиот национален настан за доделување грантови од страна на Регионалниот фонт за предизвици, чија цел е поддршка на развојот на стручното образование и поврзување со бизнис секторот.

Овој пат беше доделен грант во износ од 500 илјади евра за реализација на проект „Паметна обука во преработката на производи од млеко и месо“ на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и средното општинско училиште „Кочо Рацин“ од Свети Николе, заедно со шест претпријатија. Со средствата ќе се изгради и опреми современ Центар за обука за преработка на млеко и месо, ќе се изработат наставна програма и материјали за учење, со што ќе бидат поддржани две квалификации: Млекопреработувач и Преработувач на месо и месни производи.

На настанот се обрати и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која изрази задоволство што образованието и бизнис заедницата продолжуваат да создаваат можности за младите и да градат конкурентен човечки капитал.

Во Македонија, со гордост говориме за успешноста на моделот на дуално образование, во рамки на средното стручно образование. Во овој грант се препознаваат сите негови добри практики – можноста за партнерство меѓу средни училишта и факултетите, активната улога на компаниите, вклученост на стопанските комори, практичната обука на учениците со ментори, како и соработка со меѓународни партнери. Заедничка цел е директно решавање на структурните предизвици на пазарот на труд, како што се младинската невработеност и недостигот на вештини, како и зголемување на конкурентноста на локалните компании“, рече Јаневска.

Потенцираше дека Министерството за образование и наука засилено ги спроведува реформите во образованието. Согласно Реформската агенда, до декември 2026 година државата има обврска да стигне до бројка од 700 компании вклучени во дуалното образование. Веќе сега таа бројка е надмината и над 800 компании се вклучени во стекнување практично знаење на учениците директно кај работодавач. И, како што рече Јаневска, оваа бројка дополнително ќе расте, затоа што компаниите го гледаат бенефитот од учеството во квалитетното образување кадри според свои потреби.

Учениците исто така ја препознаваат предноста да влезат на пазарот на труд или во високото образование подготвени не само со теоретско, туку и со практично знаење од конкретни работни места, и затоа и бројот на ученици во дуалните паралелки во средните стручни училишта, од година во година е се поголем. Во стручно образование се запишани 66% од средношколците. Од нив, околу 30% се запишани во дуално образование“, информираше министерката.

Заблагодарувајќи се на меѓународните партнери во стручното образование, за континуираното вложување во негово подобрување, нагласи дека со новиот Закон за високото образование, што наскоро ќе биде пред пратениците, дуалното образование се издигнува на ниво на високото образование. Се дава можност практичната настава во задолжителните наставни предмети, за подрачјата каде што е тоа применливо, да се изведува како дуално образование под менторство на стручни лица од реалниот сектор и ментор од соодветната студиска програма на универзитетот.

Регионалниот фонд за предизвици е финансиска институција која има за цел зголемување на конкурентноста на претпријатијата во Западен Балкан 6 преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за проекти за дуално и стручно образование изработени во партнерство на установи за стручно образование и претпријатија. Грантовите се доделуваат по пат на конкурентен регионален предизвик.

Германското сојузно министерство за економска соработка и развој додели 73,4 милиони евра на РЦФ, а швајцарската влада застапувана од страна на Швајцарската агенција за соработка и развој – кофинансираше дополнителни 10 милиони евра. Средствата беа доделени на Германската развојна банка, а реализирани од страна на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6, како заедничка иницијатива на стопанските комори од регионот. Фондот е имплементиран од страна на консталтинг конзорциуми.

По четири отворени повици, Регионалниот фонд за предизвици се обврзува да поддржи вкупно 17 проекти со 91 партнер претпријатие во Македонија во износ од 7,63 милиони евра. На четвртиот повик за предлог проекти, пристигнаа 187 изјави на интерес од земјите на Западен Балкан, од кои 14 беа од Македонија. Комисијата за избор одлучи да финансира еден најуспешен проект од Македонија со вкупен износ од 495,350 евра.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Измамници собрале 3.300 евра за наводно лекување на болно дете
Следна Статија Халкбанк предупредува за онлајн измама со цел злоупотреба на лични и финансиски податоци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна.…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Инвеститор градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, им урна ѕид на станари

Инвеститор урна ѕид на станбена зграда при бетонирање на нов објект на улицата Партизански одреди во Ѓорче Петров.Работниците кои работеле…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Разрешениот судија Лазар Нанев сега инспектор во кавадаречката полиција – иако се гони кривично

Поранешниот судија од Кавадарци, Лазар Нанев, кој во октомври лани беше разрешен од Судскиот совет поради 95 телефонски разговори со…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре Влен ќе стане една партија

Кога се создаде ВРЕДИ, не сите веруваа дека ова патување ќе стигне до тука. Имаше такви што очекуваа поделби, замор…

May 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?