Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура
ЕКОНОМИЈА

УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура

Објавено April 4, 2026 13:54
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи соопшти дека интензивно работи на реализација на проектот е-Фактура и во моментов во тек е тестирањето на системот за електронско фактурирање, односно се тестираат сервисите за директна интеграција (API) со системот за е-Фактура.

УЈП ги повика сите компании кои досега не се вклучиле, а кои развиваат и одржуваат системи за фактурирање, како и компаниите кои користат системи за фактурирање што може да ги надградуваат, веднаш да се вклучат во тестирањето.

-Вклучувањето во оваа фаза е од особено значење за навремена адаптација пред задолжителната имплементација на системот. Во овој период на тестирање на системот до УЈП пристигнуваат информации дека одредени субјекти нудат обуки и консултантски услуги поврзани со проектот е-Фактура. Укажуваме дека исклучиво УЈП дава официјални информации, насоки, известувања и организира обуки поврзани со проектот е-Фактура и нагласуваме дека тие субјекти не се дел од проектот. УЈП не презема одговорност за информациите и толкувањата изнесени од истите. Сите информации поврзани со проектот е-Фактура се објавуваат на официјалната веб-страница на УЈП http://www.ujp.gov.mk/, на специјализираната веб-страница на проектот https://efakturawiki.ujp.gov.mk/mk-mk/home и на страниците на УЈП на социјалните мрежи, соопшти УЈП.

За поддршка на компаниите во процесот на имплементирање на системот е-Фактура, исто така, назначени се и даночни агенти вработени во Управата и тие веќе контактираат со компаниите и даваат поддршка и совети за вклучување и понатамошно користење на системот е-Фактура.

-Апелираме сите заинтересирани страни за системот е-Фактура своите прашања и сугестии да ги упатуваат кон Kontakt.eFaktura@ujp.gov.mk. Најавуваме дека набргу ќе биде овозможено тестирање и на рачниот внес на фактури преку веб и клиентска апликација, кои се очекува да ги користат трговците кои издаваат и/или примаат мал број фактури, кои не користат системи за фактурирање или кои користат системи, но немаат можност за надградба, се наведува во соопштението ан Управата за јавни проходи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија НАСА: „Посадата на Артемис II поставува нов рекорд по повеќе од половина век“
Следна Статија Три хороскопски знаци со кои е тешко да се биде во брак

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

БрејнКо технолошки стартап поднесе доверлив документ за IPO во Хонг Конг

БрејнКо поднесе доверлив документ за јавна понуда, станувајќи првата компанија од 'Ханџоу шесторката' која ќе котира на берза

January 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Донесена одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин…

November 10, 2025

Софтверски пазар на мечка: 3 акции со потенцијал за раст од 47% до 63%, според Волстрит

Многу аналитичари од Волстрит сè уште веруваат дека софтверските бизниси се стабилни

February 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

„Аџет“ почна со сезонски летови од скопскиот аеродром до Анкара, Чукурова и до Дијарбакир во Турција

Меѓународниот аеродром „Скопје“ од 1 јуни се поврза со уште три града во Турција. Авиокомпанијата „Аџет“ изминатиов викенд почна да…

June 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?