Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи
ЕКОНОМИЈА

УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи

Објавено October 22, 2025 19:19
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи (УЈП) направи техничка надградба на своите електронски системи со цел нивното користењето да биде уште полесно и поедноставно. Најавата на почетната страница на системот е-ПДД (https://e-pdd.ujp.gov.mk/) сега е пренасочена преку порталот е-Даночни услуги (https://e-ujp.ujp.gov.mk/), со што, како што велат од УЈП, пристапот станува поедноставен и побрз.

-Со едноставно кликање на линкот „ПДД“ во горниот десен агол на екранот, ќе можете да ги користите сите функционалности кои веќе ги познавате и кои се дел од постоечките функционалности на системот е-Персонален данок. Имплементиран е и нов начин на дигитално потпишување, независен од верзијата на JAVA и типот на интернет пребарувачот, како втора опција за дигитално потпишување во системот. За користење на оваа опција, потребно е да се инсталира софтверот достапен на линкот кон кој ве води самото апликативно решение, ги информира УЈП даночните обврзници.

Со воведување на оваа можност, велат од УЈП, сакаме да излеземе во пресрет на даночните обврзници кои се соочуваат со предизвици при функционирањето на дигиталното потпишување на различни платформи и интернет пребарувачи.

-Како дел од процесот на унапредување, во текот на вчерашниот ден се појавија краткотрајни технички предизвици. Ви благодариме за вашето трпение и разбирање во тие моменти. Доколку се соочите со какви било потешкотии или ви е потребна техничка помош или поддршка, контактирајте го ИНФО ЦЕНТАРОТ на Управата за јавни приходи. Контакт телефон: 0800 33 000 (од фиксни линии), 02/3253 200 или е-пошта: info@ujp.gov.mk, им посочува Управата на даночните обврзници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За криминал во прилепската болница: Притвор за шест лица, на 19 мерка за претпазливост
Следна Статија Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Извршниот директор на ‘Вашингтон пост’ поднесе оставка после масовните отпуштања

Извршниот директор и издавач на Вашингтон пост, Вил Луис, поднесе оставка само неколку дена по објавените масовни отпуштања.

February 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Nvidia не инвестира 100 милијарди долари во OpenAI поради проценката на компанијата

Извештајот на WSJ открива дека Nvidia сака да нагласи дека нема да биде целосно зависна од OpenAI

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Компанијата „Рамбл“ на Крис Павловски отвори подружница во Македонија

Компанијата на канадско-американскиот бизнисмен со македонско потекло, Крис Павловски, отвори подружница во Македонија, јави Призма. Фирмата „Рамбл клауд“ е регистрирана на…

February 18, 2025

Мета потврдува милијарди во чипови од Нвидиа

Договорот вклучува GPU и CPU чипови, сигнализирајќи ја следната фаза на вештачката интелигенција.

February 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?