Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумпција на невиност за сите постапки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумпција на невиност за сите постапки
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумпција на невиност за сите постапки

Објавено January 17, 2026 14:08
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека континуирано соработува со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната област. Стручните констатации и наодите добиени од спроведените контроли претставуваат основа за постапување на другите надлежни органи.

-Во врска со актуелниот случај кој се однесува на 11 вработени, УЈП е во постојана и целосна соработка со обвинителството, при што обезбеди и достави целосна документација, материјали и експертски појаснувања поврзани со даночната регулатива и постапките. Управата за јавни приходи јасно нагласува дека нема компромис кога станува збор за незаконито постапување, злоупотреба или корупција. Овие појави се неприфатливи и целосно спротивни на професионалните и етичките принципи на институцијата, велат од УЈП.

Истовремено, УЈП смета дека во сите постапки мора доследно да се почитува принципот на презумпција на невиност, како основна гаранција во правниот поредок.

Во меѓувреме, додека трае постапката, УЈП презеде навремени и соодветни мерки за обезбедување непречено функционирање на институцијата и стабилност на работните процеси во засегнатата организациона единица. Со тие активности се овозможува континуитет во работењето, заштита на јавниот интерес и зачувување на институционалниот интегритет.

-Управата за јавни приходи останува посветена на владеењето на правото, отчетното и професионално постапување и на заштитата на јавниот интерес. УЈП продолжува да соработува со сите надлежни органи со цел утврдување на одговорност таму каде што постои, но и зачувување на угледот, довербата и интегритетот на институцијата и нејзините вработени, велат од УЈП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ретки земни магнети: Колку реални се амбициите на Индија?
Следна Статија Филипче: Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Холандските компании ни дадоа просечна оценка за бизнис климата во земјава

Амбасадорката Узлем Џанел ги претстави резултатите од анкетата спроведена меѓу холандските компании во 2024 година на настан на кој присуствуваа…

November 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Пругата Скопје-Кичево ќе се електрифицира со што ќе се намали загадувањето

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати директорот на Железници инфраструктура, Синиша Ивановски. Ивановски објасни…

August 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Државата планира изградба на нови згради во Штип, Битола и Скопје

Проектирање на нови станбени згради во Штип, Битола и Скопје, како и тендерски постапки за избор на изведувач за два…

January 24, 2026

Преглед на федералната забрана која влијае на пазарот на производи со ТХЦ

ТХЦ-инфузираните пијалаци и гризки доживеаја голем пораст во популарноста, додека продажбата на алкохол опаѓа. Законот за финансирање на владата вклуч

November 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?