Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП од електронски аукции во државниот буџет инкасирала 314 230 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП од електронски аукции во државниот буџет инкасирала 314 230 евра
ЕКОНОМИЈА

УЈП од електронски аукции во државниот буџет инкасирала 314 230 евра

Објавено August 8, 2025 16:38
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека за период 01.01 до 31.07.2025 година, преку спроведување електронски аукции на движни и недвижни предмети, успешно се наплатија даночни долгови од физички и правни лица. По тој основ, во државниот буџет се инкасирани вкупно 19 419 411 денари (приближно 314 230 евра). Преку е-аукција за период 01.01.2025 година, а заклучно со е – аукцијата во јули продаден е недвижен имот со вкупна површина од 302 м² и тоа: – стан од 72 м² (Охрид) – деловен простор од 111 м² (Струмица) – земјиште од 103 м² (Прилеп) – просторија на мезанин од 17 м² (Скопје).

Според УЈП, вкупната постигната продажна вредност на недвижниот имот изнесува 13 289 807 денари (215 045 евра).

За периодот 01.01 до 31.07.2025 година на одделни месечни аукции беа продадени и 26 движни предмети, меѓу кои патнички и товарни моторни возила, како и 10 машини за шиење и кроење. Вкупната вредност на овие предмети изнесува 6 129 604 денари (99 177 евра). Од постигнатата цена на аукција, прво се наплаќаат трошоците за постапката, потоа каматата, а на крај главниот долг на даночниот обврзник. Поради неплатени даночни обврски, а по две неуспешни аукции, за период 01.01 до 31.07 годинава државата се стекна со следниот недвижен имот; – деловна просторија од 21 м² (Прилеп) – земјоделско земјиште од 13.333,92 м² (Кавадарци) – деловен простор од 259 м² и викендица од 91 м² (Струмица) – два стана од по 93 м² (Битола) Проценетата вредност на стекнатиот имот изнесува 33.176.370 денари (536.794 евра). Државата се стекнува со имот од неплатени даночни обврски кога имотот нема да се продаде на две е – аукции. Во таков случај долгот на должникот се отпишува за 50 отсто од проценетата вредност на имотот кој преминува во државна сопственост, наведува УЈП.

Согласно законските овластувања, УЈП спроведува електронски аукции (е-аукции) како дел од постапките за присилна наплата на даночни долгови. Оваа мерка се применува во случаи кога даночните обврзници не ги подмируваат своите обврски доброволно и откако ќе бидат исцрпени другите, поекономични методи за наплата. Е-аукциите претставуваат продолжение на законската постапка за обезбедување и заплена на имот на должниците. Целта е обезбедување ефикасна наплата на јавните приходи и правична наплата на долговите кон државата, со што се гарантира фер третман на сите даночни обврзници и се штити државниот буџет.

УЈП преку своите служби за присилна наплата и даночните извршители ги спроведува овие постапки транспарентно, преку јавна веб платформа.

Апелираме до сите граѓани и правни субјекти навремено да ги исполнуваат своите даночни обврски. Неплаќањето данок навреме предизвикува сериозни финансиски и правни последици. Се акумулираат камати и казни, се покренуваат постапки за присилна наплата, а во крајна инстанца може да дојде до одземање на личен или деловен имот. Исполнувањето на даночните обврски не е само законска обврска – тоа е чин на одговорност кон себе и кон заедницата. Со навремено плаќање, граѓаните и компаниите придонесуваат кон стабилна економија, функционални институции и повеќе средства за проекти кои нудат поквалитетни услови за живот за сите. Даночната обврска е законска должност. Неплаќањето не е избор – тоа носи последици, подвлекува УЈП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија РАСКОЛ ВО СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ: Георгиевски и Костадиновски разрешени од позициите потпретседатели
Следна Статија САД ја удвоија наградата на 50 милиони долари за апсење на Мадуро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Се исполнува ветувањето на Николоски: Наскоро Туркиш ерлајнс почнува да лета на линијата Охрид-Истанбул

Од 27-ми март, Туркиш ерлајнс започнува да лета на линијата Охрид-Истанбул. Авиокомпанијата веќе ги пушти во продажба билетите за летната…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба на распределбата на земјоделското земјиште, вели Мицкоски

Во периодот што следи ќе има многу случаи за злоупотреба во врска со начинот на којшто се доделувало земјоделското земјиште,…

November 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Го заштитуваме македонскиот рубин – време е да ја промовираме магијата на нашето минерално богатство

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети малата галерија „Откритие“ во Скопје, која под водство на…

July 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лица

Канадската компанија „Магна мехатроникс“ денеска отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Инвестицијата во новиот капацитет со површина од…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?