Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УЈП: Организаторите на зелените пазари до 31 декември да поднесат извештај за тековната состојба на корисниците на тезги за наредната година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > УЈП: Организаторите на зелените пазари до 31 декември да поднесат извештај за тековната состојба на корисниците на тезги за наредната година
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Организаторите на зелените пазари до 31 декември да поднесат извештај за тековната состојба на корисниците на тезги за наредната година

Објавено December 23, 2025 17:44
Сподели
Сподели

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува организаторите на зелените пазари дека до 31 декември имаат обврска до УЈП да поднесат Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk./ureg/login.seam.

 

– Извештајот ПДД-И/ЗП се поднесува посебно за секој одделен зелен пазар. Доколку во текот на годината настане промена на бројот на корисници на зелениот пазар трговецот е должен да достави нов извештај до УЈП најдоцна до 10-ти во месецот кој следи по месецот за кој се однесува промената. Во насока на унапредување на досегашната соработка и обезбедување навремени, ажурни и точни податоци во годишните и месечните извештаи за корисниците на тезги на зелените пазари, навременото доставување на овие информации е од суштинско значење за ефикасно и транспарентно постапување, велат од УЈП.

 

 

 

Со тоа, додаваат, се постигнува висока усогласеност со законските обврски, се одбегнува примената на прекршочните одредби, се зголемува усогласеноста на даночните обврзници – корисници на тезги, се обезбедува навремено и правично оданочување.

Управата за јавни приходи ги потсетува и на законските одредби од Законот за данок на личен доход.

 

– Паушално се оданочуваат само физички лица кои вршат продажба на сопствени земјоделски производи на зелените пазари. Сите лица кои вршат продажба на други добра не може да се оданочуваат паушално и треба да бидат регистрирани во некоја од организациските форми согласно Закон за трговски друштва ЗТД (правно лице или трговец поединец – вршител на дејност). Нивното оданочување се врши во зависност од организациската форма во која се регистрирани, посочуваат од УЈП.

 

Доколку едно правно лице – организатор на пазар поседува повеќе зелени пазари, како што нагласуваат, потребно е да поднесе извештај со податоци за секој одделен пазар.

Доколку пазарот е од сезонски карактер, прецизираат од УЈП, потребно е навремено известување до службеното лице во Управата за јавни приходи кое ве администрира како даночен обврзник, со соодветно појаснување и приложени докази, за пазарот да биде означен како сезонски во системот е-Даночни услуги.

– Врз основа на доставените извештаи, Управата за јавни приходи врши утврдување на данокот на личен доход, за што донесува решенија за паушално оданочување најдоцна до 31 јануари 2026 година или најдоцна до крајот на месецот кој следи по месецот за кој се однесува промената во извештајот. Со решението за паушално оданочување, Управата за јавни приходи до даночниот обврзник доставува месечни аконтативни пресметки за плаќање на данокот. Рок за плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход е до 15-ти во месецот за предходниот месец, истакнуваат од УЈП.

За поднесување на извештајот им препорачуваат на операторите навреме да склучат договор со физичките лица – закупувачи и корисници на тезги; да се пријават во системот https://e-ujp.ujp.gov.mk./ureg/login.seam; да поднесат податоци за сите зелени пазари кои ги организираат; во случај на сезонски пазар, навремено да ја известат УЈП; доколку во текот на годината настанат промени (престанок на користење на тезга или нов корисник на тезга), да поднесат нов извештај до УЈП.

Доколку имаат потреба од дополнителни информации или поддршка организаторите на зелените пазари може да се обратат на е-пошта: info@ujp.gov.mk и на телефооните 0800 33 000 и 023253200.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изградба на кафилерија и гробишта за миленици, најавуваат од АХВ
Следна Статија Владата прогласи кризна состојба поради неможноста за набавка на мазут, ќе трае 7 дена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Околу 1.000 фирми се затвориле во првите три месеци во оваа година

Лош старт на годинава за некои бизниси. Иако, во првите три месеци се отвориле над 1.900 фирми, во истиот период…

April 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со нови пет авиолинии сме единствена држава што отвора летови во најголемата авиокриза

Ние сме единствена држава што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации. Во следните неколку недели се отвораат пет…

June 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

ССМ бара 80 отсто пониски функционерски плати

Со барање за намалување на функционерските плати за 80 проценти, Сојуз на синдикати на Македонија денеска во Собранието поднесе иницијатива…

February 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Анкета: За граѓаните маркетите се виновни за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот. Третина од граѓаните велат дека…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?