Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фантомски фирми ја оштетиле државата за четири милијарди денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Фантомски фирми ја оштетиле државата за четири милијарди денари
ХРОНИКА

Фантомски фирми ја оштетиле државата за четири милијарди денари

Објавено February 28, 2025 17:56
Сподели
Сподели

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, истакна дека УЈП ја завршиле истрагата и наодите со целокупната документација сега се предадени на Јавното обвинителство и на Финансиската полиција, кои треба да постапуваат.

– Нашата работа е завршена, а сега се на потег истражните органи – рече Петрова на брифингот со новинарите.

Таа нагласи и дека секојдневно се решава и проблемот за повратот на ДДВ на фирмите кои при крајот на минатата година се пожалија дека со месеци чекаат поврат на данокот. Директорката Петрова рече дека случаите секојдневно ги расчистуваат и дека сега има многу поригорозна контрола од порано, за повторно да не се случат шеми во кои со фиктивни фактури е баран поврат на ДДВ и е оштетен буџетот. Од СДСМ обвинија дека Петрова ја лаже јавноста и дека повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци и сметаат дека то ае поради притисок врз компаниите и задржување на средства кои нив им се потребни за работење

Десет компании со фиктивни измами ја оштетиле државата и добиле високи износи како поврат на ДДВ од буџетот во вкупен износ од 4 милијарди денари, соопшти директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова. Таа истакна дека УЈП ја завршиле истрагата и наодите со целокупната документација сега се предадени на Јавното обвинителство и на Финансиската полиција кои треба да постапуваат.

– Нашата работа е завршена, а сега се на потег истражните органи – рече Петрова на брифингот со новинарите.

Што се однесува до повратот на ДДВ преку „МојДДВ“, Петровска, потенцира дека нема застој и досега на сметките на граѓаните кои скенираат фискални сметки се уплатени 170 милиони денари.

– Некои граѓани имаа неажурирани податоци, други, пак, ги згаснале своите сметки. Затоа, требаше време да се направи точна и темелна проверка – објасни Петрова.

Исто така, таа нагласи и дека секојдневно се решава и проблемот за повратот на ДДВ на фирмите кои при крајот на минатата година се пожалија дека со месеци чекаат поврат на данокот. Директорката Петрова рече дека случаите секојдневно ги расчистуваат и дека сега има многу поригорозна контрола од порано, за повторно да не се случат шеми во кои со фиктивни фактури е баран поврат на ДДВ и е оштетен буџетот.

Од СДСМ обвинија дека Петрова ја лаже јавноста и дека повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци и сметаат дека то ае поради притисок врз компаниите и задржување на средства кои нив им се потребни за работење.

– СДСМ повеќе пати апелираше дека ова е голем проблем и до нас стигаат секојдневни поплаки од компаниите. Наместо да го решат проблемот и УЈП да биде вистински партнер на бизнисот, тие мислат дека преку лаги може да го покријат својот неуспех и погрешни стратегии – се вели во соопштението на СДСМ.

По основ на поврат на ДДВ заклучно со 2024 година беа доспеани 35,6 милијарди денари (речиси 579 милиони евра), а реализирано е плаќање од 34,4 милијарди денари (околу 559 милиони евра). Петрова нагласи дека повратот на ДДВ е жива материја и секој ден едни износи доспеваат, други се враќаат, но се прават максимални напори за парите да стигнат во стопанството.

– Постојано се собираат податоците, некаде има исправки и сето тоа бара време и контрола – рече Петрова.

Директорката Петрова рече дека е има мало потфрлање кај данокот на доход од игрите на среќа и дивидендите.

– Има две ставки каде што има помала наплата и тоа кај данокот на приход од игри на среќа и кај данокот на доход од исплатата на дивидендите. Тоа се должи на некакви тенденции на однесување на даночните обврзници и треба да почекаме. Генерално, главна компонента на данокот на личен доход е данокот на исплати на плати и тука е подобра наплатата во однос на истиот период минатата година – рече Петрова.

Нова услуга на УЈП – електронско уверение за состојба на остварен доход

Уверение за состојба на остварен доход по електронски пат е новата услуга на УЈП. Овој документот е потребен за остварување на стипендија, за засновање на работен однос, за социјална помош, за прием во социјална установа, па дури и кога се работи за усвојување на дете. Досега овој документ се добиваше на шалтерите на УЈП за 2 часа. Од УЈП велат дека на годишно ниво се издаваат околу 30.000 уверенија и за тоа се трошеа 62.000 работни часа годишно на околу триесетина вработени во Управата.

Директорката на УЈП, Елена Петрова, дополни и дека ова електронско уверение ќе го прифаќаат и банките при одобрување на кредит, бидејќи институцијата е надлежна за прибирање на сите податоци за платите и другите примања, не само на вработените, туку и на хонорарците и фриленсерите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Народната банка: Девизните резерви на историски максимум, макроекономската слика во рамките на очекувањата
Следна Статија (ВИДЕО) Трамп го нападна Зеленски во Белата куќа: Се коцкаш со Трета светска војна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Приведени шест лица, се истражуваат злоупотреби со јавни набавки во Прилепската болница тешки 800.000 евра

Управата за финансиска полиција, по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп, денеска спроведува акција во прилепската Општа болница…

October 21, 2025
ХРОНИКА

Во 13 часот на Партизанска кај „Силбо“ – протест за трагичната смрт на Фросина

Граѓани најавија дека денес излегуваат на протест по трагичната несреќа во која загина младата Фросина Кулакова, млад дизајнер од Неготино.…

January 31, 2025
ХРОНИКА

„Ќе ве ставам во притвор“, „Ќе ве фрлам од 6-ти кат“: Пет жени претрпеле голгота поради Виш Јавен обвинител – еве ги деталите

По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинение против едно лице за пет кривични…

September 9, 2025
ХРОНИКА

OJO поведе истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против све лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично…

July 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?