Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фатени на дело: Тројца дилери уапсени во Дојран при обид да продадат 3 кг дрога на Грк
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Фатени на дело: Тројца дилери уапсени во Дојран при обид да продадат 3 кг дрога на Грк
ХРОНИКА

Фатени на дело: Тројца дилери уапсени во Дојран при обид да продадат 3 кг дрога на Грк

Објавено March 22, 2025 10:14
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, бидејќи постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, двајца жители на селото Стојаково и еден од Валандово, учествувале и посредувале во продажба на околу 5 килограми марихуана која ја набавил првоосомничениот.

Три килограми од дрогата се договориле да ја продадат на купувач – грчки државјанин за сума од 9.000 евра. При обид да ја продадат дрогата на локација во Дојран, полициски службеници ги затекнале. На лице место биле уапсени двајца од осомничените, додека третиот се дал во бегство, но набрзо и тој бил приведен.

Дополнително, во близина на Богданци е пронајдена преостанатата дрога која им била наменета за продажба.

Со образложение дека осомничените би можеле да се дадат во бегство, да ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците или соучесниците, да ги сокријат или да ги уништат трагите од кривичното дело, но и дека ќе го повторат делото за кое се гонат, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за сите тројца осомничени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Александар Мечка Инфомакс на координација со Заев (ВИДЕО)
Следна Статија Авион се урна во Германија, од запалените остатоци извлечено живо дете

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Детали за новата акција на МВР, со закани изнудиле 300.000 евра од едно лице

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и…

August 5, 2025
ХРОНИКА

Пендиков не бил тепан поради национална омраза, рекоа адвокатите на обвинетите на денешното судење

Во охридскиот основен суд, денеска од почеток започна постапката против Илија Спасески и Борче Ангелоски, кои беа обвинети за тепањето…

October 31, 2024
ХРОНИКА

Маж заврши во болница, откако му екплодирал болјер во станот

Електричен бојлер експлодирал пред два дена  околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П.,…

December 28, 2025
ХРОНИКА

На 22 септември ќе биде објавена пресудата за онкологот Мери Пешевска

Основниот кривичен суд Скопје пресудата за второобвинетата за случајот Онкологија, онкологот Мери Пешевска која призна вина ќе ја објави на…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?