Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фатон Нури кој на пешачка патека го усмрти пензионерот Југослав Николовски призна вина, ќе се брани за неукажување помош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Фатон Нури кој на пешачка патека го усмрти пензионерот Југослав Николовски призна вина, ќе се брани за неукажување помош
ХРОНИКА

Фатон Нури кој на пешачка патека го усмрти пензионерот Југослав Николовски призна вина, ќе се брани за неукажување помош

Објавено October 10, 2025 13:27
Сподели
Сподели

Возачот на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина. Дваесет и пет годишниот Фатон Нури, пред Судот призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, додека за делото „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ ќе се брани и ќе предлага докази.

-Се чувствувам виновен за сообраќајката, што не би сакал на никој да се случи тоа. Големо сочувство за фамилијата. Да можам да сменам нешто, би направил. За давање помош, сум давал помош. Да има камери таму… Кажувам дека сум давал помош на покојникот и не се чувствувам виновен за тоа, изјави Нури.

Одбраната бараше одложување на денешното рочиште, со што судот ќе дозволи да се завршат вештачењата и останатите докази за степенот и висината на казната и сведоци за второто дело.

Судот ја раздвои постапката по предметот и за првото дело, за кое обвинетиот призна вина, го одложи за 24 октомври, додека за второто дело, за кое обвинението ќе се брани, судењето ќе продолжи на 11 ноември.

Обвинителката, во воведен говор, рече дека обвинителството ќе докаже дека обвинетиот на 1 јули со своето незаконско управување на мотоцикл без возачка на пешачка патека предизвикал сообраќајна незгода во која Југослав Николовски се стекнал со тешки повреди на кои подоцна им подлегнал.

– Обвинетиот иако Дедо Љубе лежел облеан во крв, по несреќата го оставил мотоциклот и го напуштил местото на несреќата. Сопатникот на мотоциклот, иако повреден, покажал доблест и останал на местото додека да дојде увидната екипа, изјави обвинителката.

Семејството на починатиот Југослав Николовски преднајави барање на оштета, додека сопатникот на моторот, рече дека не бара отштета и не се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетиот.

Фатон Нури на 1 јули годинава управувал мотоцикл „Кавасаки“ без истакната регистарска табличка на задниот дел, по пешачката патека покрај зграда на улицата „Јован Хаџи Константинов – Џинот“. Возел преку површина наменета за движење на пешаци, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол во близина на зградата, брзината на движење на моторот не ја приспособил. Освен тоа, управувал без да поседува возачка дозвола и на недозволено место, па со левиот страничен дел од мотоциклот удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, кој се движел по пешачката патека. При ударот, оштетениот останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на коловозот. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди поради кои следното утро починал, а полесно повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да укаже помош, осомничениот го оставил мотоциклот и другите двајца повредени и пеш го напуштил местото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, цунами се заканува и на Индонезија
Следна Статија Герасимовски: Испративме протестна нота до Амбасадата на Австрија поради непрописно паркирање во пешачка зона во Капиштец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанец со „мерцедес“ му го прегазил стапалото на полициски службеник

Во СВР Скопје, синоќа околу 20.05 часот е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко…

June 5, 2025
ХРОНИКА

Се случуваше да нема терапија, но некои пациенти сепак ја добиваа, сведочеше медицинска сестра во случајот „Онкологија“

Медицинска сестра, која била одговорна за дневната болница на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, додека директор бил Нино Васев,…

September 16, 2025
ХРОНИКА

Му се заканувале за да изнудат пари, па му го запалиле возилото: 30-дневен притвор за двајца штипјани

СВР Штип поднесе кривична пријава против 38-годишниот К.А. и 20-годишниот М.М., двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за…

January 6, 2025
ХРОНИКА

Вечерва голема полициска акција – апсења во струмичко- гевгелискиот регион

Во тек е масовна акција на полициските сили во се случува во струмичко-гевгелиско регион. Акцијата е под водство на Специјализираното…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?