Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Фајненс тинк“: Само 12 дејности во Македонија имаат плата над 1 000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Фајненс тинк“: Само 12 дејности во Македонија имаат плата над 1 000 евра
ЕКОНОМИЈА

„Фајненс тинк“: Само 12 дејности во Македонија имаат плата над 1 000 евра

Објавено May 31, 2026 15:24
Сподели
Сподели

Вработените во само 12 дејности во земјава имаат плата над 1 000 евра. Ова на сликовит и прегледен начин го илустрира инфографикот објавен од тинк-тенкот „Фајненс тинк“ – насловен „Кој добива плата над 1 000 евра во Македонија“, а кој се повикува на податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Станува збор за месечните нето-примања за месец март оваа година, а професиите кои носат приходи над 1 000 евра се групирани во пет категории – информации и комуникации; стручни, научни и технички дејности; транспорт и складирање; финансии и осигурување и индустрија и рударство.

Ај-ти секторот е убедливо на прво место, а вработените во оваа дејност во март во просек добиле нето-плата од 115 557 денари.

На второ место, но, условно кажано, со каскање зад ИТ-инженерите од околу 15 000 денари, се лицата кои се занимаваат со научно истражувачка дејнос и кои примаат плата од 84 003 денари, а благо зад нив се „останатите стручни, научни и технички дејности“, кои во просек добиваат плата од 83 149 денари.

Платите на вработените во секторот транспорт и складирање, телекомуникациит, воздухопловниот транспрот и производството на основни фармацевтски производи и препарати се на средината на листатат со плати кои гледано од горе надолу се движат од 75 976 и 67 041 денар.

Финансиско-услужните дејсности, производството на пијалаци, вадењето руди на метал и управувачките дејности се во долната половина на табелата, каде платите кои ги земаат вработените во овие сектори се движат околу маргината од 1 000 евра или малку повеќе над таа сума.

Дејноста која носи месечна заработувачка од 1 000 евра, но не и повеќе се осигурувањето и пензиски фондови, каде според податоците нето-платата што ја зеле вработените во овој сектор изнесува 61 240 денари. Иако на последното место, сепак и овие вработени можат да се пофалат дека се во професија која е рангирана во листата „Кој добива плата над 1000 евра во Македонија“.

Инаку, просечната нето плата во Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), на кои се повикува „Фајненс тинк“, изнесува 48 433 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Дали Путин навистина има двојник?
Следна Статија Вакцината против рак може да ги искорени сите тумори кај пациентите, покажа испитување во Лондон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Петрова: Даноците се собираат според планот

Полнењето на буџетот е стабилно и сосема е извесно дека годината ќе ја завршиме со исполнување на планот, бидејќи до…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот

Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 27 април 2026 година е последниот ден од законскиот рок за поднесување на…

April 25, 2026

Откажете се од бесплатните апликации – поседувајте Microsoft Office само за 35 долари

Suite за продуктивност за вистински возрасни личности

December 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Над 3.000 евра за квадратен метар – стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра

Најголема постигната цена на стан за квадратен метар во периодот јули – септември е 189.231 денар или речиси 3.000 евра,…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?