Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Граѓаните им должат на банките 3,9 милијарди евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Граѓаните им должат на банките 3,9 милијарди евра
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните им должат на банките 3,9 милијарди евра

Објавено November 21, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Граѓани кај банките се задолжени со 245,2 милиони денари или 3,9 милијарди евра. Ова сума доминира во вкупниот износ од 9,2 милијарди евра кој банките го одобриле како кредити на граѓаните и компаниите, според податоците на Народната банка за октомври.

Долгот на граѓаните кон банките расте секој месец. Така во октомври тој пораснал за 9,2%.

И во октомври биле најбарани потрошувачките и станбените кредити кои на месечно ниво бележат незначителен раст од  0,9% односно 1,1%, но на годишна основа кај потрошувачките кредити растот изнесува 7,2%, додека кај станбените растот е од 11,3%.

Долгот на граѓаните по основ потрошувачки кредити во октомври порасна на 126,3 милиони денари (повеќе од 2 милијарди евра), а кај станбените кредити се искачи на 91,2 милиони денари.

Најголем годишен раст од 13,6% има кај автомобилските  кредити, но износот на долгот е мал во однос на останатите кредити..

Во октомври пораснал и долгот на граѓаните преку кретитните картички и преку негативните салда.Кај кредитите одобрени на кредитни картички растот е од 0,2%, а кај негативните салда од 1,5%. На годишно ниво овие кредити бележат намалување од 8,5% ,односно 0,8%. Кај кредитите одобрени врз други основи е забележано месечно зголемување од 0,4%, во услови на годишен пад од 16,1%.

Но граѓаните и во октомври штеделе. Според податоците на Народна банка, депозитите на граѓаните во овој месец се зголемиле за 11% и сега изнесуваат 6 милијарди евра. Заедно со компаниите тие чуваат повеќе од  9,2 милијарди евра во банките.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Недозволиво е да се попречува основното право на учениците да се образуваат поради неорганизирање превоз
Следна Статија Колку заработил Надал од учеството на турнирите?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

ДПИ изрече осум парични казни за трговците кои не ја почитуваа одлуката на Владата, треба да платат 20 илјади евра

Државниот пазарен инспекторат ги изрече првите парични казни за непочитувачите на одлуката на Владата со која им се наложи на…

September 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Нова американско- балканска стопанска комора почнува со работа

Оваа недела ќе биде официјалното лансирање на Американската Балканска Стопанска Комора (ABCC), организација посветена на јакнење на економските врски и…

March 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Преку социјалните мрежи повик за бојкот на маркетите во петок

По примерот на Хрватска на социјалните мрежи и кај нас почна да се шири повик за бојкот на маркетите поради…

January 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Николоски потсетува на најзначајните проекти од 2025 година

Позади нас е една успешна година, вели во своето видео обраќање во однос на сите реализирани проекти во 2025 година…

January 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?