Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФЕКАЛИИ ИМ СЕ ВРАЌАЛЕ ДОМА ОТКАКО ИМ ЈА ЗАТНАЛ КАНАЛИЗАЦИЈАТА Општина Центар го санкционираше инвеститорот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ФЕКАЛИИ ИМ СЕ ВРАЌАЛЕ ДОМА ОТКАКО ИМ ЈА ЗАТНАЛ КАНАЛИЗАЦИЈАТА Општина Центар го санкционираше инвеститорот
МАКЕДОНИЈА

ФЕКАЛИИ ИМ СЕ ВРАЌАЛЕ ДОМА ОТКАКО ИМ ЈА ЗАТНАЛ КАНАЛИЗАЦИЈАТА Општина Центар го санкционираше инвеститорот

Објавено March 15, 2025 11:46
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа итна средба со менаџментот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ за да се најде решение за затнувањето на фекалната канализација на улицата Мирче Оровчанец.

Проблемот се појавил откако граѓани што живеат во близина на градилиштето пријавиле дека бетон истекол од објект на јавна површина, предизвикувајќи блокирање на главната канализациска мрежа. Општинската инспекција реагирала уште пред десетина дена и изрекла глоба за изведувачот на градежните работи.

По барање на Општина Центар, службите на „Водовод и канализација“ излегле на терен и утврдиле дека проблемот е предизвикан од неадекватно изведена градежна работа од страна на инвеститорот. Според неофицијални информации, инвеститорот самиот ќе ја санира штетата, а доколку има потреба, ќе добие поддршка од јавното претпријатие.

Од Општина Центар најавуваат дека ќе продолжат со активно следење на ситуацијата и тесна соработка со надлежните институции за целосно решавање на проблемот и спречување на дополнителни последици за граѓаните.

Партијата Левица ја обвинува фирмата „ЕУРОВИА“ за кршење на градежните правила на улицата Мирче Оровчанец. Според нив, во текот на градежните работи биле забетонирани цевките за фекалната канализација, што довело до опасност од излевање на фекалии во домовите на граѓаните.

Од Левица прашуваат како е можно оваа грешка да остане без интервенција од страна на општината, додека граѓаните се изложени на ризик. Партијата побара инспекција на терен и забрана на понатамошни градежни активности, предупредувајќи на можни финансиски и здравствени последици. Советниците на Левица ќе инсистираат на строги казни за инвеститорот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор
Следна Статија Омерагиќ: ФФМ е во минус од еден милион евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Голем пожар над Батинци, огнот брзо се шири

Голем пожар избувна попладнево на отворен простор над скопското село Батинци. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС)…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мајката на Вања продала стан па си купила возило и „затворила“ кредити

Во врска со продажбата на еден од становите, Зорица Ѓорчевска на денешното сведочење рече дека го продала за 83 илјади…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија во длабока демографска старост, иселувањето клучен проблем – младите сакаат да живеат во средена држава

Населението во Македонија старее и тоа многу брзо. Земјава е веќе во длабока демографска старост. Влезена е во процесот на…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Биковиќ: Иницијатива за инвестиција во Берово

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со познатиот актер Милош Биковиќ. Тој по потекло е од убавиот македонски град Берово. -Разговаравме…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?