Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фидоски: Ќе ја вршам професијата чесно со цел да се зголеми довербата на граѓаните во правосудството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фидоски: Ќе ја вршам професијата чесно со цел да се зголеми довербата на граѓаните во правосудството
МАКЕДОНИЈА

Фидоски: Ќе ја вршам професијата чесно со цел да се зголеми довербата на граѓаните во правосудството

Објавено January 22, 2026 12:57
Сподели
Сподели

Новоизбраниот шеф на скопското обвинитество Анел Фидоски, даде свечена заклетва пред членовите на Советот на јавните обвинители.

Тој пред неколку дена беше избран за шеф на најголемото обвинителство во државата, со поддршка од 7 члена од Советот.

-Најпрвин сакам да се заблагодарам на членовите на Советот кои ја дадоа поддршката за мене. Ми претставува чест да ја вршам функцијата, меѓутоа во исто време и голема одговорност, бидејќи ќе раководам со обвинителство кое што е најголемо, кое што има најголем број на предмети и обвинители. По сложеност на предмети е најтешкото обвинителство. Она што сега можам да го кажам е дека ќе ја вршам професијата чесно, совесно, непристрасно, а сето тоа со цел да се зголеми довербата на граѓаните во правосудството, изјави обвинителот Фидоски.
На прашањето кои се неговите приоритети и за што ќе се залага во својот мандат, обвинителот рече:

-Се уште не сум седнал за да знам со што се соочувам. Ќе треба да видам што има заостанато, на што ќе треба да му се даде приоритет. Ќе видиме со кои предмети, со која тежина на предмети ќе се соочиме, финансиски криминал пред се, злоупотребите…, рече обвинителот.

На прашањето зошто не предложил програма кога конкурираше за позицијата, Фидоски рече дека таа не била задолжителна, а во спротивно ќе поднел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Извршниот директор на Anthropic ги изненади учесниците на Давос со критика кон Nvidia
Следна Статија Кади Белингер избира помеѓу четири тима

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот

Со поддршка на ЕУ ИПА 2-програмата во номври 2024 година почната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува…

January 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Експанзијата на академскиот простор донесе квантитет, но не и квалитет, затворени 14 приватни научни институти и еден приватен факултет

Важно е да разговараме за квалитетот на нашето високо образование, но и да преземаме конкретни активности за негово континуирано подобрување,…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Првично ќе се евидентира пребрзо возење, минување на црвено, истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање

Согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, меѓу другото МВР врши контрола над возачите и другите учесници…

December 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Минусни температури утрово во цела Македонија

Утрово речиси во цела Македонија имаше минусни температури. Најстудено беше во Берово со -5 степени, додека Крива Паланка, Скопје, Маврово…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?