Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот
МАКЕДОНИЈА

Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот

Објавено January 29, 2025 16:49
Сподели
Сподели

Со поддршка на ЕУ ИПА 2-програмата во номври 2024 година почната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува законската рамка за квалитетот на воздухот со европските регулативи, објави Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во рамките на двегодишниот проект за кој Европската Унија обезбеди средства во висина од 1,5 милион евра целосно ќе се транспонираат европските директиви (2008/50/EC, 2004/107/EC и 2016/2284/EC) во националното законодавство, односно ќе се докомплетира законската легислатива за воздухот.

Во согласност со директивите ќе се изработи комплетно нов закон за квалитет на амбиенталниот воздух и повеќе подзаконски акти, односно правилници што ќе ги следат барањата на ЕУ-директивите, и со тоа ќе се обезбеди поголема уреденост на оваа област. Исто така, ќе се подготват и планови за имплементација на директивите за квалитет на воздухот, со вклучени фискални импликации за нивно спроведување.

Во рамките на проектот ќе се изработат националните плански документи за заштита на амбиенталниот воздух, што произлегуваат од Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, во кои ќе се дефинираат и приоретизираат мерките за подобрување на квалитетот на воздухот во соработка со надлежните институции.

Во исто време ќе се работи на подобрување на националниот инвентар за емисии во воздухот и подготовка и спроведување план за мониторинг на тешки метали, полициклини ароматични јаглеводороди и испарливи органски сооединенија. Во согласност со зголемениот обем на мерења, ќе се воспостават зони и агломерации за овие супстанции.

Во исто време, ќе се работи и на зајакнување на административните капацитети за нивно спроведување и со тоа подобрување на квалитетот на воздухот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од следната сезона ВАР и на македонските стадиони
Следна Статија Мерил Стрип морала да пресече дупка во оградата на соседот додека бегала од пожарот во Лос Анџелес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

30 граѓани во Карпош казнети со по 40 евра за фрлање кабаст отпад во контејнери

Инспекциските служби од Општина Карпош во мај и јуни спровеле акција за контрола на несоодветно одлагање на кабаст отпад во…

July 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Безбедносната состојба не е нарушена пред седницата на Уставниот суд

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, смета дека безбедносната состојба не е нарушена во врска со најавите на ДУИ дека…

December 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ранетиот во Чаир е ТИНЕЈЏЕР, кажал на полицијата кој пукал во него

На 05.10.2024 околу 20:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Цветан Димов“ во Скопје имало повредено лице…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Половина од анкетираните млади се соочиле со корупција во образованието

Со некаков облик на корупција, најчесто во образованието – од поткуп за оценки до купување дипломи, се соочиле 54 отсто…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?