Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од следната сезона ВАР и на македонските стадиони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Од следната сезона ВАР и на македонските стадиони
СПОРТ

Од следната сезона ВАР и на македонските стадиони

Објавено January 29, 2025 16:46
Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку веќе формираниот проектен тим за имплементација на ВАР системот започна со реализација на активностите поврзани со системот за помош на судиите преку видеотехнологија.

ВАР системот во македонската фудбалска лига (МФЛ) треба да започне да се употребува од почетокот на следната натпреварувачка сезона 2025/26. ФФМ веќе ги извести УЕФА и ФИФА за отпочнувањето на имплементациските активности

Лидерот на проектниот тим за имплементација на ВАР Дејан Јакимовски информира за динамиката на активностите.

-Одржавме првичен on-line состанок со ФИФА и веќе дефиниравме дел од важните постапки за имплементација на ВАР системот во МФЛ. Според првичниот план и динамиката на активности, планирано е да започнеме со употреба на видео-технологијата од следната натпреварувачка сезона. Прва МФЛ, Куп на Македонија (од 1/4 финална фаза), Куп на Македонија (финале – жени) и бараж натпревари за Прва МФЛ се натпреварувањата кои ќе бидат опфатени. Нашата намера е да имплементираме централизиран ВАР систем, посебна просторија во ФФМ, а во зависност од понудите на ВАР провајдерите ќе се започне со употреба на најмногу шест камери по натпревар.

Тоа што, исто така, е исклучително важно за нас е што започнавме со плановите за едукација на ВАР судии. На почеток на месец март во Скопје ќе организираме дводневна работилница на која ќе учестуваат експерти од ФИФА, нашиот проектен тим, судиската и натпреварувачката комисија во ФФМ и останати лица вклучени во проектот, истакна Јакимовски.

Исто така, во периодот кој следува ќе се почне со адаптирање на инфраструктурата на стадионите, односно создавање на минимум потребни за добивање лиценца, односно дозвола за одигрување на натпревари. Лиценцирањето на стадионите, централизираните ВАР соби и ВАР судиите го врши единствено ФИФА.

Во ВАР проектниот тим во Фудбалската федерација на Македонија се вклучени уште и Димитар Мечкаровски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски и Никола Караколев.

Со имплементацијата на ВАР системот во МФЛ ќе се добие подобрување на правичноста и транспарентноста во носењето на судиските одлуки на натпреварите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фото: Сакате попуст? Еве ви попуст!
Следна Статија Со 1,5 милион евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитетoт на воздухот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Дали е заслужено? Родри-најдобриот играч на СП

 Шпанскиот играч од средниот ред Родри е прогласен за најдобар играч на Светското фудбалско првенство 2026 година во изборот на…

July 20, 2026
СПОРТ

(ВИДЕО) Ѓоковиќ како Џокер, ги насмеа сите среде натпревар на Вимблдон

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, направи симпатична шега за време на овогодинешниот Вимблдон што ги насмеа сите на…

July 2, 2026
СПОРТ

Дончиќ ќе остане во Лејкерси

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе потпише тригодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс, објави ESPN. Откако ја завршија кампањата, во првото…

June 5, 2025
СПОРТ

Бурни реакции по вчерашниот преседан во „Борис Трајковски“: Европската куќа на ракометот падна на колена – Правилата за Македонија не важат, ова е мизерија

Не стивнуваат реакциите по вчерашниот преседан во европскиот ракомет откако натпреварот меѓу РК Алкалоид и АЕК е одложен Грчките ракометари…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?