Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Владата живее во меур, економијата е девастирана, стандардот на граѓаните руиниран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Владата живее во меур, економијата е девастирана, стандардот на граѓаните руиниран
ПОЛИТИКА

Филипче: Владата живее во меур, економијата е девастирана, стандардот на граѓаните руиниран

Објавено May 27, 2025 13:50
Сподели
Сподели

Во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека Владата веќе подолго време нема легитимитет, бидејќи, како што рече, целосно ја игнорира реалноста во која живеат граѓаните.

-Сметам дека владата нема легитимитет одамна, веќе од пред неколку месеци кога стана јасно дека воопшто не се заинтересирани и лошо ги менаџираат сите проблеми, рече Филипче.

Тој ја опиша економската состојба како девастирана, а стандардот на граѓаните како руиниран.

-Луѓето не може крај со крај да врзат. Цените се надвор од контрола. Луѓето не можат една кошничка да купат и да пополнат, додаде тој.

Филипче оцени дека власта живее изолирана од реалноста.

-Очигледно е дека се затворени во некој меур, гневот на граѓаните не го слушаат. За разлика од нив, јас сум во комуникација со обичните граѓани коишто укажуваат на проблемите, рече Филипче.

Тој подвлече дека СДСМ нуди конкретна и искрена политика.

-Патот веќе тргнавме да го одиме – патот на отвореност, транспарентност, искреност, сериозна и аргументирана критика на владата… Ние разговараме за реалните проблеми на граѓаните и им нудиме реални и изводливи конкретни решенија, истакна Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангеловска-Бежоска на Балканскиот самит на поранешни студенти: Регионалната соработка како начин за забрзан раст и побрза конвергенција на Западен Балкан
Следна Статија Во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје започнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите во пожарот во „Пулс“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриевски: Куманово заслужува да биде нов регионален центар на Балканот

ЗНАМ излегува со утврдени, континуирани резултати со преку 800-тини проекти во изминативе осум години, Куманово заслужува да продолжи да се…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ сака да се реформира

 Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево соопшти дека го отпочна сеопфатниот процес на реформи и ветинг во партијата, предводени од…

February 13, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Огромна победа во Струмица, енергија за голема промена

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето обраќање во Струмица на промоција на кандидатот за градоначалник Петар Јанков, истакна дека…

September 28, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: ДУИ прво мене ми понудија да ја растурам „Влен“, ми кажаа дека Ахмети ќе се пензионира

Гласачите гласаа за промена на централно ниво и убеден сум дека сакаат промени и на локално ниво, ќе бидеме фаворити…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?