Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите
ПОЛИТИКА

Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

Објавено October 8, 2025 13:27
Сподели
Сподели

Државата не ги исплаќа своите обврски и со тоа сериозно е загрозена ликвидноста на стопанството. Сериозни проблеми со наплатата на повратот на ДДВ, огромен долг на државата и општините, близу 700 милиони евра, од кои близу стотина милиони се за поврат на ДДВ, тоа е реалната слика на економијата денес, изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче денеска по работниот состанок со Комората на Северозападна Македонија.

Филипче посочи дека ова е само еден од показателите за лошите економски политики на владата на Мицкоски и ДПМНЕ.

„Сметам дека тоа е само еден од показателите за лошите економски политики кои ги води оваа влада. Сугерираме, предлагаме, тие едноставно немаат слух да излезат во пресрет на вистинските потреби на граѓаните и на компаниите,“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на премиерот Мицкоски, порача дека премиерот треба да престане со спинови и да почне да се соочува со реалните проблеми во државата.

„Премиерот треба да престане да спинува. Има сериозни економски проблеми и прашања на кои треба да одговори. Кога човек нема што да каже, кога нема со што да се пофали – ниту проект, ниту добра прогноза за земјата – тогаш забегува кон вакви некакви лаги,“ изјави Филипче.

Тој додаде дека владата се соочува со сериозна економска стагнација и дека тоа го потврдуваат и меѓународните институции.

„Нема раст, има пад на просечната плата, скок на цените на основните производи, затворање компании и луѓе кои секојдневно остануваат без работа. Наместо да се занимава со овие проблеми, премиерот измислува афери и скандали,“ рече Филипче.

Лидерот на СДСМ оцени дека државата оди кон економски колапс и дека е време владата да преземе одговорност.

„Време е оваа влада да сфати дека или треба да ја води државата како што треба – или да си оди. Граѓаните не заслужуваат незаинтересирана власт без резултати и без работа,“ порача Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација
Следна Статија Ѓорѓиевски најави изградба на Културен дом „Есма Реџепова“ во Шуто Оризари, како и инвестици во инфраструктурата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

„Дом за млади – купи куќа за младите“ и поддршка за фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца

Зголемување на еднократната финансиска поддршка за прво и второ дете, како и еднократна финансиска помош за третородено дете и повеќе,…

October 5, 2024
ПОЛИТИКА

Советникот на Таравари со повик до членството: Народот ни го даде својот глас – да не ги разочараме, да не ја предадеме АА во туѓи прегратки

Членот на претседателството на Алијансата за Албанците и политички советник на Арбен Таравари во Министерството за здравството, Сабри Азири, се…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

Левица и Апасиев „скромно“ со прасе и танго

Кандидатката за градоначалник на Тетово од редовите на #Левица изборниот пораз го прославува во “скромна” атмосфера! – стои на објавата…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Кузеска: МВР се сведе на тоа да не може ниту еден џип неправилно паркиран да санкционира

Со Панче Тошковски на чело на МВР хаос се случува по македонските улици, безбедноста е загрозена, нема никаков ред и…

April 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?