Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше подобра преговарачка позиција, донесе единствено понижувања на државата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше подобра преговарачка позиција, донесе единствено понижувања на државата
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше подобра преговарачка позиција, донесе единствено понижувања на државата

Објавено July 10, 2025 14:39
Сподели
Сподели

Македонскиот јазик е безбеден, идентитетот е безбеден. Но македонската интеграција во Унијата е сè подалечна поради политиките и изборите на власта, порача претседателот на Социјалдемократкиот сојуз, Венко Филипче.

На денешната прес-конференција тој истакна дека вчерашната одлука на Европскиот Парламент и усвојувањето на извештајот се резултат на опасно застранување од стратешките позиции на државата и злоупотребата на јазикот и идентитетските прашања на владата за сопствена политичка кампања. 

-Тоа е исто така директен резултат на дипломатските импровизации и целосната негрижа на владата за зачувување на меѓународната позиција на државата. За една година Македонија ја изгуби довербата кај стратешките партнери, што е единствено вина на оваа власт, рече Филипче, додавајќи дека жално е нивото на несвесност за последиците и штетите од овие политики кои ѝ се прават на државата и граѓаните, како и несигурноста и апатијата што се создаваат.

Според него, по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ наследила стабилна и јасна позиција во евроинтегративниот процес со загарантиран македонски јазик во Европската Унија и јасен пат за напредок, но, не ги остварила ниту едно од ветувањата за подобра преговарачка позиција.

-Ветуваа и лажеа дека можат подобро. Дека можат да обезбедат подобар договор со Бугарија, дека можат да обезбедат нова преговарачка рамка, дека се во периметарот и први во редот. Кажуваа дека имаат многу партнери кои нè разбираат и поддржуваат. За жал, ништо од тоа не се покажа како точно,рече Филипче.

Филипче порача дека македонскиот јазик, идентитет и нација се јасно признати и заштитени во рамките на Европската Унија, што е гарантирано преку Преговарачката рамка и договорите со ЕУ, каде македонскиот јазик се користи официјално. Тој нагласи дека овие прашања не се предмет на преговори, туку веќе се решени, и дека СДСМ, со поддршка од европски партнери, успешно се спротивставил на обиди за нивно оспорување. Според него, македонскиот народ има јасна визија за интеграција во ЕУ без отстапки од националното достоинство, со јасна цел – зачувување на јазикот и идентитетот.

Претседателот на СДСМ ја осуди изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи кој го нарече премиерот Христијан Мицкоски „северномакедонски“ премиер, истакнувајќи дека такви изјави не се во духот на демократијата и добрососедството.

-Ја осудувам изјавата, затоа што сметам дека не е во духот на демократските вредности, не е во духот на цивилизациските вредности, ако сакате. Не може ниту еден политичар од Бугарија да ги навредува нашите институции. И тоа воопшто не е во духот на добрососедските односи, рече Филипче.

Тој подвлече дека вистинскиот одговор на ваквите ситуации не се драматични изјави и конфронтации, туку сериозна и решителна дипломатска борба.

-Дипломатијата мора да се користи со цел да го извлечеме најдоброто за земјата. Да водиме напред, да ги отвориме преговорите – тоа е единствената иднина за земјата. Тоа сите го знаат. Меѓутоа, тоа не бара ниту нервоза, не бара ниту патетика, не бара ниту патетични прес-конференции. Тоа бара сериозна борба. Тоа бара убедување и борба, порача Филипче.

Во однос на повлекувањето од постоечките договори, тој посочи дека би било штетно за државата и дека тие треба да се користат како основа за натамошно градење на добрососедските односи.

-Сметам дека не треба да се повлекуваме од договорите. Договорите се прават за да служат, да некои односи се надградуваат во духот на добрососедството, во духот на Копенхашките критериуми, во духот на Европа. Ништо нема да направиме ако се повлечеме од некој. Добро, треба да бидеме принципијални, да бидеме коректни. Нека гледа Европа ако има провокатори од другата страна. Наше ни е да покажеме дипломатско, фер добрососедско однесување, нагласи тој.

Одговарајќи на новинарски прашања Филипче изјави дека СДСМ е секогаш отворен за соработка и подготвен да седне на маса со сите политички чинители, без разлика дали иницијативата доаѓа од Мицкоски, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски или некој друг, со цел заеднички да се дефинираат и бранат националните интереси и да се продолжи патот кон ЕУ.

Тој нагласи дека вистинскиот пристап бара искрен дијалог, а не политички поени, и потсети дека многу земји, како Хрватска, покажале дека европската интеграција бара национално единство.

Во таа насока, информираше дека СДСМ веќе предложил средба на најголемите партии во Собранието и денеска ќе ги повлечат сите амандмани за буџетот, пренасочувајќи ги средствата за поддршка на институциите за справување со пожари, како одговорен чекор во време на криза.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УНЕСКО му даде уште една шанса на Охрид
Следна Статија Фон дер Лајен го преживеа гласањето за недоверба во парламентот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шукова: Младински хабови, градски ваучер и нова гимназија Скопје станува град на можности за младите

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, ја претстави својата визија за модерен, инклузивен и младински ориентиран главен град…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ: „Никогаш не сум изгубил избори“

Откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ги соопшти новите имиња на кандидатите за градоначалници на локалните избори, без да…

July 2, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети: Ако се утврди вина, Груби сам ќе се повлече од партиските функции

Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен…

December 11, 2024
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Фрчковски: 51 тендер и 16 милиони евра за омилена фирма на ВМРО

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба, нов скандал за сомнителни тендери. Преку дигиталната платформа МИЦКО.мк до АКТ граѓани…

January 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?