Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Бутел ќе добие кружен тек, пробивање на нови улици, мега парк и уште многу други проекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: Бутел ќе добие кружен тек, пробивање на нови улици, мега парк и уште многу други проекти
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Бутел ќе добие кружен тек, пробивање на нови улици, мега парк и уште многу други проекти

Објавено October 7, 2025 13:39
Сподели
Сподели

Кружен тек на крстосницата на улиците Бутелска и Александар Урдаревски, мегапарк кај булеварот Христијан Тодоровски Карпош каде што исто така мегапарк парк ветуваше и Данела Аросвска, зелени зони и пешачки и велосипедски патеки покрај Серава и реконструкција на улици се денешните ветувања на кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Тој денес заедно со кандидатот за градоначалник на Бутел од ВМРО-ДПМНЕ кој бара втор мандат од граѓаните, Дарко Костовски,  направи прес-конеренција на местото каде што го планира новиот кружен тек кон Градските гробишта.

 

Со нов кружен тек Ѓорѓиевски ќе го намалува хаосот на крстосницата на Бутелска и Алекандар Урдаревски

„Денес сме во Општина Бутел на крстосницата на улиците Бутелска и Алкесандар Урдаревски каде што планираме изградба на кружен тек. Кружниот тек што ќе се изгради овде ќе значи крај на хаосот во сообраќајот и значително намалување на сообраќајните несреќи. Оваа точка е една од најфреквентните во Бутел бидејќи улицата Александар Урдаревски е правец кој секојдневно го користат илјадници граѓани, особено поради близината до Градските гробишта“, рече Ѓорѓиесвки.

Новиот кружен тек кон гробиштата Ѓорѓиевски кажа дека е дел од пошироката стратегија за зголемена безбедност и уреденост во сообраќајот во целиот главен град кој предвидува преку редизајн на 50 критични крстосници и улици, Скопје да се движи кон целта на нула фатални несреќи до 2030 година.

Серава ќе се уреди со пешачки и велосипедски патеки, автохтона вегетација и јавни содржини, рече Ѓорѓиевски

Паралелно со новиот кружен тек, Ѓорѓиевски најави и целосна реконструкција на улиците Бутелска и Радишанска на потегот од Расадник Бутел со населбата Радишани.

„Ќе се постави нов асфалт, ќе има подобрена дренажа, пешачки патеки, улично осветлување според најсоверемени стандарди. Особено важно е што пред реконструкцијата ќе градиме атмосферска канализација со што конечно ќе се реши долгогодишниот проблем со поплавите при поројни дождови“, најави Ѓорѓиевски.

Освен планираните интервенции на сообраќајниците во Бутел Ѓорѓевски потсети дека пристапот до оваа општина значително ќе се олесни со изградбата на првата аза од булеварот Хрватска во Гази Баба, и додавањето трета лента на Цветан Димов во Чаир.

Ѓорѓиевски на бутелчани им вети и нови зелени површини.

„Развојот на Бутел не го гледаме само низ призма на сообраќајот туку и низ создавање на урбани и зелени јавни простори. Сакам да најавам дека во план е изградба на мегапарк долж булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Овој простор кој со години беше запуштен ќе се претвори во уреден, функционален и модерен парк со зелени површини детски игралишта, фитнес зони и пешачки патеки. Со тоа Бутел конечно ќе добие современа рекреативна зона, место за одмор и дружење за сите генерации. Меѓу најзначајните и долгорочни проекти се издвојува рекултивациија на реката Серава и воспоставување зелени коридори по нејзината должина. Со оваа интервенција ќе се обнови целиот појас, ќе се уреди со пешачки и велосипедски патеки, автохтона вегетација и јавни содржини. Серава ќе стане чиста, безбедна и достапна зона што ќе го подобри квалитетот на живот на жителите во Бутел и на цел град Скопје“, рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Костовски, пак, наброја што се сработил во изминативе четири години и кажа дека реализацијата на програмата од минатите избори е доволен гарант за граѓаните дека ќе го направи и она што го ветува во вториот мандат.

„Со одговорност тврдам дека 90 отсто од мојата предизборна програма, фала му на Бога, е реализирана“, рече градоначалникот Костовски.

Тој за вториот мандат најави два историски моменти за Бутел кои се веќе договорени, изградбата на првата поликлиника во општината и обезбедувањето градска вода за Љубанци и Љуботен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Модерен конгресен центар, нов саем во Скопје, Шукова најави и решение за сообраќајниот хаос во Автокоманда
Следна Статија Нобеловата награда за физика им припадна на тројца научници од САД за откритија во квантната механика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Кога криминогеноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче се добива ново соединение ЗаеФче

Чаршаф соопштенијата пратени од Белград, напишани од екс советникот на Заев, Башанoвиќ, со претежна анализа на политичката сцена во Србија,…

January 6, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Владата на Мицкоски создаде хаос во пензисикиот систем, пензиите ги доведе во ризик

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција нагласи дека за година и пол владата на…

November 29, 2025
ПОЛИТИКА

Митески: Во функција првиот калистеника парк во Македонија

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески преку социјалните мрежи сподели дека во функција е првиот калистеника парк во Македонија. Митески посочи…

October 16, 2025
ПОЛИТИКА

Јовановски за пензионерите: Ќе ги подобриме условите во Пензионерскиот дом во Кичево

Нашите родители, нашите баби и дедовци се оние кои не израснаа, кои не доведоа во состојба да функционираме самостојно и…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?