Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лефков: За земени кредити и нереализирани капитални проекти поради неспособноста на владата на СДС, државата платила 25 милиони евра камата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лефков: За земени кредити и нереализирани капитални проекти поради неспособноста на владата на СДС, државата платила 25 милиони евра камата
ПОЛИТИКА

Лефков: За земени кредити и нереализирани капитални проекти поради неспособноста на владата на СДС, државата платила 25 милиони евра камата

Објавено October 24, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Пратеникот во македонското Собрание и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во „Утринско Еспресо“ на радио Лидер, рече дека имаме опозиција која е слабо раководена и координирана, затоа настапува со критики по основ дневни политички теми.

Зборувајќи за состојбите во македонската опозиција, Лефков рече дека имаме исклучително слаба и лошо координирана опозициска партија, додавајќи дека истовремено се работи за опозиција кој е без конкретни теми за кои може да и забележи на власта, затоа и нивните настапи во Собрание се слаби.

Можете да забележите дека опозицијата се води, би рекол, од дневно политички теми и коментари во недостаток на конкретни и конструктивни предлози. Последна тема за која се спротивставија беше Унгарскиот кредит за кој обвинуваа дека станува збор за кинески пари за кој добија шлаканица, лично од Орбан“, посочува Лефков.

Тој потсетува дека во изминатиот седумгодишен период поради одобрените земени кредити, а неповлечени средства поради немањето капацитет да се реализираат капитални проекти државата има платено некаде околу 25 милиони евра. Значи трошокот за нереализирани капитални инвестиции си добива само уште еден параметар, а тоа е 25милиони евра.

„Да не потсетувам за оној заем кој не чинеше плус 17 или 18 милиони евра, се сеќавате кога министерот за правда беше приморан да даде оставка, па не ја потпиша еврообврзницата за која беа платени сите трошоци, а потоа се издаде со повисока каматна стапка. Ако сето тоа го пресметаат економистите, доаѓате до загуба од 15 до 17 милиони евра, се на грбот на граѓаните, со тоа што не можеме прецизни затоа што никогаш не беше објавено чинењето на консултантските услуги за таа обврзница“, истакна Лефков.

Лефков посочи дека токму на оваа линија тие покажаа двојно полоши параметри и дека оние кои не задолжуваа во изминатиот период со емитување на државни обврзници со каматни стапки од 6,25% па нагоре, сега држат говори и излегуваат да критикуваат дупло поевтини кредити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Мора да се преземат одредени мерки, направен е лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете
Следна Статија Мицкоски до Фон Дер Лајен: Посветени сме на европскиот пат, но очекуваме да не се соочуваме со барања спротивни на вредностите на ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Taравари го брани, Ахмети го напаѓа Курти за изјавата за Законот за јазици

Арбен Таравари, министер за здравство во  Македонија, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти не згрешил кога зборувал за улогата на…

November 19, 2024
ПОЛИТИКА

(Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани

Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во…

June 5, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче рече дека ќе гостува во ТВ Алфа, но откако претходно „ќе ја ослободи“ телевизијата од „канџите во кои е ставена“

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вчерашната прес конференција беше поканет од новинар на ТВ Алфа да гостува во нивната…

April 20, 2026
ПОЛИТИКА

Во живо: Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Во СЦ Билјанини Извори, Охрид се оддржуба 33-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Иднина за сите, сега! “.

October 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?