Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

Објавено August 24, 2025 16:38
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во изјава за Телма посочи дека власта свесно ги отвора вратите за изборни неправилности, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ губи голем број гласови.

„Сметам дека тоа е намерно. Сметам дека во услови кога е сѐ поочигледно и повеќе извори, повеќе анкети, повеќе анализи ни покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ губи огромен број на гласови, над 100 илјади, некаде околу 120 илјади гласови, посегаат по инструменти коишто сериозно можат да го загрозат изборниот процес, аспектот на демократијата во целокупниот процес“, рече Филипче.

Според него, изјавата на премиерот Христијан Мицкоски според која и година дена по формирањето на новата влада за главни виновници во државата се посочуваат СДСМ и ДУИ ја покажува целата неспособност на владата.

„Ја слушнав изјавата на премиерот и жалам што слушнав таква изјава. Сметам дека е тоа резултат на една целосна неспособност и немање капацитет да се менаџира и да се води држава”, вели Филипче.

Иако пред повеќе месеци Уставниот суд ја донесе одлуката и го укина делот од Изборниот законик за процентот на потребни потписи за да се кандидираат независните листи, власта чекаше до последниот момент и даде предлог-закон откако изборите беа распишани. Необезбедувањето на партнерите од ВЛЕН да ги поддржат измените на Изборниот законик, пак, според Филипче е целосна одговорност на премиерот и коалицијата.

„Сметам дека целосно одговорен за оваа работа е премиерот и владеачката коалиција. За жал отвораат можност да се злоупотребат изборите и тоа да им оди во нивна корист, да ловат во матно, поради тоа што очигледно е дека губат огромен број на гласови“, изјави Филипче.

Претседателот Филипче најави дека тој и СДСМ будно ќе ги следат сите тактики и инструменти со кои се служи власта, а кои сериозно можат да го загрозат демократскиот изборен процес и соодветно ќе реагираат на злоупотреби, се наведува во партиското соопштение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трендафилов: Фрапантни 33,1 проценти од работниците примаат плата под 500 евра
Следна Статија Сите се чудат колку МАГА капчиња има Трамп во плакарот, им се фали на претседателите (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Либералите бараат воведување на електронска нараквица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“

Либерално-демократската партија предлага воведување на електронска нараквица за насилниците, по двојното убиство во Велес, кога Илија – поранешниот партнер на…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

Села: Оваа држава треба да биде бинационална, барам ново Уставно уредување

Оваа држава треба да биде бинационална држава со ново уставно уредување, порача за 24 Анализа лидерот на едно од крилата…

May 8, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Не вреди да му се посветува толку внимание на Али Ахмети и неговите изјави

Ако тоа не го каже Али Ахмети, по што друго би останал впечатлив пред почетокот на кампањата? Праша претседателот на…

September 25, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Некои политички партии од страв од пораз на следните парламентарни избори, го бојкотираат Изборниот законик

Премиерот Христијан Мицкоски денеска за време на посетата на Кавадарци изјави дека кај некои политички партии, свесни за поразот на…

July 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?