Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Договорот од Преспа е пример дека две соседни земји можат сами да најдат решение
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Договорот од Преспа е пример дека две соседни земји можат сами да најдат решение
ПОЛИТИКА

Филипче: Договорот од Преспа е пример дека две соседни земји можат сами да најдат решение

Објавено June 10, 2025 19:37
Сподели
Сподели

Важно за Договорот од Преспа е што е прв договор во последните декади постигнат меѓу две земји, а во минатото овие видови на проблеми беа решавани од други моќни сили, од други моќни земји и на други начини. Тоа е добар пример кога две соседни земји ќе можат да седнат заедно и ќе решат многу прашања, посочи претседателот на СДСМ Венко Филипче за време на неговото учество на Втората меѓународна конференција во Атина во организација на Институтот „Алексис Ципрас“, јави дописничката на МИА од Атина.

Конференцијата оваа година е посветена на демократијата и социјалната правда и Филипче учествуваше на панел-дискусија што се однесуваше на прогресивните сили, а во Атина е и поранешниот премиер Зоран Заев кој заедно со домаќинот, поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ќе ја доделат Преспа наградата за мир.

За време на панел-дискусијата лидерот на СДСМ се осврна на важноста на Договорот од Преспа, но и на тоа што треба во иднина да направат прогресивните сили.

– Договорот од Преспа, важен е, пред сè затоа што покажува дека со конкретно лидерство и визија на лидери како што се Ципрас и Заев можат многу работи да се решат. Договорот од Преспа реши повеќедецениски спор меѓу Северна Македонија и Грција и овозможи Северна Македонија да стане членка на НАТО, но за жал не сме во ЕУ. Моментално имаме десничарска авторитарна Влада во нашата земја која не сака да ја придвижи земјата напред, тоа е како со вакцината, ја добивме првата доза со НАТО, но не ја добивме втората доза, посочи Филипче.

Говореше и за авторитарните режими не само во Европа туку и во светот, за кризата во демократијата, што како што рече не е нова, а ги пренесе и неговите видувања за тоа што можат да направат прогресивните сили за да постигнат успех.

– Треба да им се вратиме на нашите традиционални гласачи, а тоа се работниците. Треба да признаеме дека во изминатите изборни циклуси многу од работниците гласаа за радикална десница. Ова не е затоа што се радикални или фашисти, ова е бидејќи се чувствуваат напуштени од нас и ова е парадокс, нагласи Филипче. 

Додаде дека тие како Влада за оваа група на граѓани направиле најмногу, но за жал не можеле да ја видат предноста на нивната политика.

Посочи дека од негова гледна точка, „хибридната војна и хибридните инструменти во рацете на авторитарните Влади е нешто што е треба да се земе предвид“.

За време на посетата на Атина Филипче ќе се сретне и со лидерот на СИРИЗА Сократис Фамелос.

Вечерва, на крајот од конференцијата, Ципрас и Заев на режисерите на документарниот филм „No Other Land“ што го прикажува уништувањето на палестинската заедница на окупираниот Западен Брег, ќе им ја доделат наградата за мир Преспа за 2025 година на Институтот „Алексис Ципрас“.

Лани, на првата ваква конференција, конкретната награда ја доби медијаторот во преговорите за името Метју Нимиц.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Гасоводот со Грција се гради, се надевам наскоро ќе почне и градбата на северниот интерконектор со Србија
Следна Статија Пијан Македонец се забил во паркиран автомобил во Загреб: Добил казна од 4.860 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ со Модератерна од Шведска разменува искуства и ја надградува својата визија за економски силна и просперитетна држава

ВМРО-ДПМНЕ со сестринската партија Модератерна од Шведска разменува искуства и ја надградува својата визија за економски силна и просперитетна држава.…

December 1, 2024
ПОЛИТИКА

Проф. Марковски со маска на диносаурус: „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“

„Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“, порача денеска кандидатот за градоначалник на Скопје од граѓанската платформа…

September 4, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година

Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на Мицкоски, рече на прес конференција Александар Саша Димитријевиќ,…

November 30, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Џабе му се на Мицкоски лажните анкети на Маркет вижн платени 400.000 евра пари на граѓаните

Очигледен е очајот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, штом повторно се потпираат на лажни анкети, фабрикувани во нивната партиска лабораторија.…

July 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?