Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче за новиот гувернер: Славески нема да биде независен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче за новиот гувернер: Славески нема да биде независен
ПОЛИТИКА

Филипче за новиот гувернер: Славески нема да биде независен

Објавено May 22, 2025 22:17
Сподели
Сподели

Трајко Славески, како гувернер на Народната банка, нема да биде независен и нема да води вистинска и балансирана монетарна политика.

Ова е оценката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за одлуката на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, Славески да го предложи за гувернер.

Со ваквиот предлог, според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека при одлучувањето и водењето на државата нема интерес да им служи на граѓаните, туку на сопствените теснопартиски интереси.

„Со предлогот Трајко Славески да биде гувернер на Народната банка, и последната институција која ја водеше експерт ќе биде партизирана“, вели Филипче.

Според него, ваквиот избор ќе ја доведе во ризик целата макроекономска политика, бидејќи, како што истакна, Славески нема да води монетарна политика каква што ѝ е потребна на државата, туку ќе ги следи партиските директиви.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, попладнево е со членовите и граѓаните на Желино, Брвеница и Гостивар.

СДСМ ја покажува својата одговорност и човечка солидарност со предлог Законот за помош на настраданите во Кочани. Како што истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, законот е директен одговор на реалните потреби на семејствата на настраданите и повредените во трагедијата. Тој денеска повторно го повика ВМРО-ДПМНЕ заедно да го изгласаат законот во Собранието.

„Дадовме предлог Закон за помош на настраданите во Кочани. Тие луѓе имаат вистинска мака. Луѓето што ги сретнавме во Кочани имаат потреби и тоа воопшто не е лесно“, истакна Филипче.

Тој посочи дека трошоците со кои се соочуваат погодените семејства се значителни и вклучуваат медицински третмани, рехабилитација и психолошка поддршка.

„Имаат трошоци за лекување, за рехабилитација, потребна им е психолошка поддршка. И ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува законот. Зошто? Затоа што бил противуставен. Подготвени се да измислат секаков изговор и во ваква ситуација“, рече тој.

Филипче потенцира дека во законското решение се опфатени и семејствата погодени од други трагедии, со цел никој да не биде изоставен.

„Во законот ги вклучивме и семејствата од другите трагедии. Да не речат дека бегаме од Тетово, Беса транс, Ласкарци. Но, ВМРО-ДПМНЕ не сака да разговара на ниту една тема – сѐ одбиваат. Повторно го повикувам ВМРО-ДПМНЕ да го донесеме заедно законот за Кочани“, изјави претседателот на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Планинари од Германија и Холандија се изгубиле на границата со Косово
Следна Статија Ѓоковиќ со победа го прослави роденденот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Османи: ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали праќа пораки до ДУИ за затоплување на односите

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Бијар Османи денеска изјави дека од…

August 28, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изградија и реконструира патишта во должина од над 770 километри, направени се речиси 47 километри нови водоводи, модернизирани над 400 училишта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на тоа што…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Граѓаните во првиот круг гласаа за Македонија, во вториот круг излезете уште помасовно

На денешниот настан во општина Лозово под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамки на…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

Куманово: Димитриевски во водство со речиси 33% од гласовите

Според најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до 21:10 часот се обработени околу 33,53% од избирачките места во Куманово,…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?