Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Исплатата на пензиите и платите е во ризик, буџетската дупка е две милијарди евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Исплатата на пензиите и платите е во ризик, буџетската дупка е две милијарди евра
ПОЛИТИКА

Филипче: Исплатата на пензиите и платите е во ризик, буџетската дупка е две милијарди евра

Објавено March 9, 2026 09:22
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, предупреди дека економската состојба во државата е сериозно влошена и дека постојат сериозни проблеми во јавните финансии, што веќе се одразува и врз работењето на компаниите.

„Ја следиме ситуацијата со финансиите. Бладата бара заеми. Последниот е околу 300 милиони евра. Дупката во Буџетот е некаде околу две милијарди евра. Една милијарда евра се издаде еврообврзница, меѓутоа тоа не е доволно”, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ посочи дека власта доцнела во подмирување на обврските, што веќе негативно се одразува врз приватниот сектор.

„Се доцни со исплатата кон економските субјекти, некаде околу 500-600 милиони евра. Околу 100 милиони евра е долгот по основ на повратот на ДДВ за компаниите. Има компании кои што затвораат не можат да издржат, земаат кредити. Живееле луѓето од повратот на ДДВ, од тие пари, сега земаат кредити, заглавуваат и компаниите ги затвораат”, рече Филипче.

Тој додаде дека владата ја става во ризик и исплатата на платите и пензиите, а економската состојба со вака поставени економски параметри дополнително ќе се влоши наесен поради случувањата на Блискиот Исток.

„Под сериозен знак прашање е редовната исплата на платите и на пензиите. И некаде на есен се ова кога ќе се наталожи уште повеќе со енергетската криза која што очигледно дека скоро нема да спласне, поради случувањата на Блискиот Исток, со актуелната финансиска криза, со долговите, со дупката во Буџетот, со дупката во Фондот за пензиско осигурување, со барањата заеми, наесен оваа економска состојба во земјава ќе биде блиску до катастрофа”, рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски најави реакција по забраната за влез на Менкиновски во Бугарија
Следна Статија Турција испраќа шест борбени авиони Ф-16 на турскиот дел од Кипар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети: Без оглед на политичката чистка, им порачувам дека ДУИ е ураган

Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации и ќе останеме, но не прифаќаме тие да бидат аги, а ние да…

December 23, 2024
ПОЛИТИКА

Димитриевски: ЗНАМ го поддржува премиерот дека Македонија не може да прави веќе отстапки на патот кон ЕУ

Лидерот на „ЗНАМ“ Максим Димитриевски е на иста линија со премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија нема да прави повеќе отстапки…

December 15, 2024
ПОЛИТИКА

ДУИ прием: Каде испарија девет милиони од ЕУ за канализација во Зајас?

Скандал и срам. Само вака може да се опише тоа што се случило со парите на европските даночни обврзници во…

July 16, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Секој твој глас, секоја твоја борба, секој твој ден е дел од големата приказна што ја пишуваме заедно

Писмо за тебе и за нашиот заеднички избор!, објави на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Драги мои,…

October 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?