Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче немал златна виза за Дубаи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче немал златна виза за Дубаи
МАКЕДОНИЈА

Филипче немал златна виза за Дубаи

Објавено April 25, 2025 16:17
Сподели
Сподели

За обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека поседува златна виза за Дубаи, претседателот на СДСМ, Венко Филипче целосно демантираше. Тврди дека нема виза која што е поврзана со инвестиции или со недвижности.

-Немам илјадници евра, немам сметки…Немам виза која што е поврзана со милиони, авиони, камиони, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, додавајќи дека има само „виза која што му овозможува да патува“.

На констатацијата на една од новинарките дека од денеска, македонските граѓани без визи ќе можат да патуваат во ОАЕ, Филипче само се насмеа.

ВМРО-ДПМЕ го прашуваше лидерот на СДСМ и неговиот претходник, Зоран Заев да кажат дали поседуваат „златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи“.

-Додека Заев, како инвеститор, гради згради во Дубаи и му прави засолниште на Филипче, тој му ја чува фотелјата во СДС. Зоран Заев со една рака на срце се колнеше во македонската жица и тврдеше дека си ја сака земјата, додека со другата ја распродаваше и делеше стотици милионски тендери на своите роднини и фирми. И додека се празнеше буџетската каса, а народот осиромашуваше, Заев профитот и провизиите од криминалните зделки ги инвестира во Дубаи каде што најде сигурно прибежиште. Филипче, продолжената рака на Заев, додека му го чува партиското столче и глуми загрижен за социјалдемократските вредности да им каже на сопартијците и граѓаните дали поседува златна виза и дали има луксузен стан во Дубаи, велеа од најголемата владеачка партија.

На почетокот на ноември лани, повеќе македонски портали објавија вест како Филипче заедно со екс-лидерот на СДСМ неодамна присуствувал на забава во градот Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати, каде што со другите гости уживале во песните на српскиот фолк-пејач Харис Џиновиќ. Во веста порталите објавија и видео-снимка што наводно е од забавата, а на која Филипче и Заев можат да се забележат во добро расположение.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на папата Франциск
Следна Статија Oткако не го уапсија Додик им покажа три прста

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата

Зголемена е фреквенцијата на возила во земјава. На граничниот премин „Табановце времето на чекање за излез е околу 40 минути,…

August 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието го донесе Законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

Собранието попладнево во рамки на 52. седница го донесе Закот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Видео: Блокади на улици во Скопје, Куманово и Тетово по победата на Албанија над Србија

По фудбалската победа на Албанија над Србија со резултат 1-0 во Лесковац, синоќа беа забележани масовни прославувања од албанската заедница…

October 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

На 50-тина училишта ширум државава ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период, информира денеска владината прес-служба. Министерството…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?