Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Нема да дозволам ВМРО да ја руши СДСМ од внатре
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Нема да дозволам ВМРО да ја руши СДСМ од внатре
ПОЛИТИКА

Филипче: Нема да дозволам ВМРО да ја руши СДСМ од внатре

Објавено March 19, 2026 15:53
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, јасно порача дека ќе го заштити единството на партијата и нема да дозволи ВМРО да ја руши од внатре.

„Суштината на оваа партија е да се постигне консензус, да се изгради консензус, да се изградат политики врз основа на различни мислења на многу луѓе и јас и раководството го правиме сето тоа во изминатите повеќе од година ипол време. Така било, така е, и така ќе биде и тоа е суштината на градењето на добри политики, да се сослуша секој еден. Но некој да одработува за ВМРО-ДПМНЕ, јас тоа, како што кажав, нема да го дозволам“, потенцираше Филипче во одговор на новинарско прашање.

Тој се осврна и на најавите на платформа за рушење на СДСМ:

„Вчера излезе некоја изјава дека има некаква Платформа од некои луѓе коишто не сакаат ни да се потпишат. Имале, пишува таму гревови, кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ била најголема партија, дека опозицијата била раситнета. Што може да се очекува и што може да се позадината освен да е тоа пишувано во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ и дадено на некои луѓе тоа да се презентира како некаква платформа“, рече Филипче.

Тој јасно порача дека нема да дозволи каков било обид за разединување на партијата одвнатре.

„Со секој еден којшто излегува во јавност да плука по оваа партија, да ја ситни, да ја дели, јас нема да го дозволам и апсолутно ќе се спроивставам на тоа. Секако конструктивно мислење ќе биде сослушано, ќе биде земено предвид, вратите се отворени за сите. Но, не и на злонамерниците, коишто во периодот кога почнуваме, и мислам дека веќе успеваме да ја разоткриеме оваа власт, каква е суштината на оваа власт, корумпирана, криминогена и антиевропска. Граѓаните тоа го препознаа“, рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зголемувањето на пензиите за 1.000 денари помина на собраниската комисија
Следна Статија Владиката Никола избран за Митрополит Австралиско-новозеландски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ за осветувањето на полициските возила: Државата се штити со закон и Устав, а не со осветената вода

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост и остро реагира на фотографиите објавени од паркингот на Министерството за внатрешни работи,…

January 8, 2026
ПОЛИТИКА

Гордан Георгиев: Сметам дека сегашната Влада добро се справува со ситуацијата по трагедијата во Кочани

Иако може погрешно да бидам разбран или интерпретиран, сметам дека сегашната Влада добро се справува, или добро ја менаџира, ако…

May 2, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ се длабоко загрижени и го осудуваат нападот на редакцијата на порталот „Инфомакс

Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост и го осудува насилниот инцидент што се случи во редакцијата на…

December 11, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити и Вардар го претставија Мастер планот за Чаир, сеопфатна визија за модерна, функционална и урбано силно идентификувана општина

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити во соработка со светски познатиот архитект, Бајрам Вардар, денес го претставија Мастер…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?