Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028 година
ПОЛИТИКА

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028 година

Објавено February 1, 2026 17:45
Сподели
Сподели

Економска криза, а потоа и „мигранти за пари“, се сценаријата што ја очекуваат државата, вели лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче., во денешното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Ја обвинува власта за изолација на државата од европскиот пат, но и предупредува за врски со властите во Србија и Унгарија, но и со Русија.

За случувањата во матичната партија, додава дека не стравува од пуч оти на последниот конгрес бил успешен, каде што добил искрени и чесни сугестии.

На прашањето кога очекува да се случат предвремени избори, вели дека не може со сигурност да претпостави, но смета дека тие сигурно ќе се случат согласно кризата што ја очекува државата.

„Оваа власт се грижи само за сопствените интереси, зашто мора да се испорача тоа што никогаш не го демантираа дека ќе стигнат мигранти за пари и затоа се потребни предвремени избори. Дали ќе бидат на крајот од оваа година, следната, ќе видиме, но до 2028 година нема да може да се издржи вака“,кажа Филипче.

За тоа дали има информација за некаква внатрепартиска платформа или иницијатива за негова промена, рече дека такви шпекулации и тој слушнал, но ги оцени како невистинити.

„Нема вистина во тоа. Морам да кажам една работа, јас имам легитимен мандат. Мене пред неколку месеци ме гласаа 20 000 члена да ја водам партијата во следниот четиригодишен мандат. Вратите се отворени за сите“,вели тој.

Посочи дека во јавноста има разни излети на партиски другари, што смета дека не е коректно и додаде дека забелешките се кажуваат во партијата.

„Кој што има да каже нека каже, вратите се отворени за сите. Јас сум отворен за сите тие сугестии да ги слушнам тука, во партијата“,додава лидерот на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерот Алиу ќе разговара со Кедев откако кардиологот го напушти Советот на министерството
Следна Статија Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити за случајот со Државна лотарија: Пораката е дека никој не е над законот, секој што згрешил мора да одговара

Пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за…

December 17, 2024
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Мириса на убедлива победа уште во првиот круг

На градскиот плоштад во Куманово, вчера Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, одржа конвенција на која ги промовираше кандидатот за…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: ДПМНЕ да го праша Тошковски зошто го вработи Нанев во МВР, што му должи?

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се губи со катастрофални прес конференции и се подлабоко тоне во очајните обиди да се извади од…

August 15, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ЕУ мора да ги поддржи државите кои покажуваат зрелост, одлучност и соработка за заедничката цел – Македонија прави многу на овој план

Европската Унија мора да ги поддржи државите кои покажуваат зрелост, одлучност и соработка за заедничката цел. Македонија прави многу на…

October 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?