Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028 година
ПОЛИТИКА

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028 година

Објавено February 1, 2026 17:45
Сподели
Сподели

Економска криза, а потоа и „мигранти за пари“, се сценаријата што ја очекуваат државата, вели лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче., во денешното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Ја обвинува власта за изолација на државата од европскиот пат, но и предупредува за врски со властите во Србија и Унгарија, но и со Русија.

За случувањата во матичната партија, додава дека не стравува од пуч оти на последниот конгрес бил успешен, каде што добил искрени и чесни сугестии.

На прашањето кога очекува да се случат предвремени избори, вели дека не може со сигурност да претпостави, но смета дека тие сигурно ќе се случат согласно кризата што ја очекува државата.

„Оваа власт се грижи само за сопствените интереси, зашто мора да се испорача тоа што никогаш не го демантираа дека ќе стигнат мигранти за пари и затоа се потребни предвремени избори. Дали ќе бидат на крајот од оваа година, следната, ќе видиме, но до 2028 година нема да може да се издржи вака“,кажа Филипче.

За тоа дали има информација за некаква внатрепартиска платформа или иницијатива за негова промена, рече дека такви шпекулации и тој слушнал, но ги оцени како невистинити.

„Нема вистина во тоа. Морам да кажам една работа, јас имам легитимен мандат. Мене пред неколку месеци ме гласаа 20 000 члена да ја водам партијата во следниот четиригодишен мандат. Вратите се отворени за сите“,вели тој.

Посочи дека во јавноста има разни излети на партиски другари, што смета дека не е коректно и додаде дека забелешките се кажуваат во партијата.

„Кој што има да каже нека каже, вратите се отворени за сите. Јас сум отворен за сите тие сугестии да ги слушнам тука, во партијата“,додава лидерот на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерот Алиу ќе разговара со Кедев откако кардиологот го напушти Советот на министерството
Следна Статија Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ бара владата да ги поништи тендерите за мерење рејтинзи и да ги пренамени парите за Кочани

Власта манифестира нечуствутелност и расипништво во време кога граѓаните врзуваат едвај крај со крај и се во колективна тага, реагира…

March 29, 2025
ПОЛИТИКА

Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога (ФОТО)

Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога. Ова се фотографии…

February 2, 2025
ПОЛИТИКА

Ова се седумте столбови од програмата на Орце Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешниот митинг во Скопје на првиот ден од кампањата…

September 29, 2025
ПОЛИТИКА

Огњеновиќ: Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нови детали за скандалот со фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, која од општините раководени од…

January 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?