Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче од Гевгелија: Државата не е пи-ар агенција на Мицкоски, на народот му е потребна вистинска помош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче од Гевгелија: Државата не е пи-ар агенција на Мицкоски, на народот му е потребна вистинска помош
ПОЛИТИКА

Филипче од Гевгелија: Државата не е пи-ар агенција на Мицкоски, на народот му е потребна вистинска помош

Објавено October 8, 2025 08:18
Сподели
Сподели

Ниту сме шести во Европа по раст на платите, ниту скандинавски живееме, годишната инфлација не паѓа, таа е 4%, народот живее тешко и тоа е факт, порача вчера претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ која се одржа во Гевгелија.

„Годишната инфлација е 4%. И тоа е факт. Ама излегува денеска податок за септември, цитирам од месец на месец се намалила инфлацијата -0,2%. Со статистички финти и спинови се обидуваат да ги убедат луѓето дека се како што треба. Па народот знае дека тоа не е вистина, секој ден во маркет, на пазар во продавница, граѓаните знаат колку чини млекото, лебот, знаат колку тешко живеат“, рече Филипче.

Филипче потенцираше дека граѓаните ја изгубиле вербата затоа што власта не испорачала резултати кои ги ветувала и ја повика владата конечно да, како што рече, престанат да лажат тука да преземат нешто и го подобрат стандардот за да може народот нормално да живее.

„Народот не живее од статистички финти и бројки. Престанете да лажете и земете нешто направете. Државата, Владата не е тоа пи-ар агенција на Мицкоски. На народот му е потребна вистинска помош“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, Филипче, рече дека економијата е во колапс, индустријата опаѓа, малите бизниси се борат за опстанок, земјоделците се пред банкрот, додека работниците немаат со што да го дочекаат крајот на месецот. „Но тука се и лекарите, наставниците, пензионерите кои сите се оставени сами на себе“, рече Филипче

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми
Следна Статија Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ е во одлична кондиција, одиме на огромна победа на изборите, вели Мицкоски

ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ – ,,Љубиша Георгиевски” во соработка со ИФЕС одржува дводневен семинар во Гевгелија на тема – ,,Модернизирање на…

April 26, 2025
ПОЛИТИКА

Над 318.000 пензионери се оштетени со линеарно зголемување од 1.000 денари, вели Тренчевска

Владата им подготвува историска имама на пензионерите, со последната одлука за линеарно згоелмување на пензиите за 1.000 денари, рече на…

July 24, 2025
ПОЛИТИКА

Линдита Јовановска се обрати до кичевчани и ги повика да гласаат за нејзиниот сопруг Александар

Линдита Јовановска, сопругата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кичево Александар Јовановски која по националност е Албанка, во…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ бара одговорност за недостигот на терапија за болните од рак на белите дробови на Онкологија

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска реагира на состојбите во здравствениот сектор во земјава, конкретно на Клиниката за онкологија,…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?