Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци
ПОЛИТИКА

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Објавено October 8, 2025 08:20
Сподели
Сподели

На вчерашниот  митинг во Тетово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што се обрати до Али Ахмети каде што посочи дека политиките на ДУИ ја испразниле Македонија и го намалиле бројот на ученици Албанци.

„Јас нема да му одговарам на Али со неговата реторика, иако тој тоа го сака, тој моли да му одговорам на неговата национал романтичарска реторика, јас на народот нема да му кажувам басни, туку реалност. Јас само ќе прочитам факти за неговото 20 годишно владеење. Додека тој говори за приказни, јас говорам за сурова реалноста. За една деценија има 27 илјади помалку ученици во Македонија. Работата на ДУИ значи 200 ученици да има помалку во второто полугодие во школите во Тетово во 2023та година. Во Општина Гостивар – побарани исписници од училиште поради иселување се за 200 ученици во основно и средно образование во 2023та година. Пад на население гледано низ млади ученици кои ја напуштиле државата поради иселување изгледа вака Арачиново: -14%, Липково: – 40 %, Теарце: – 37%, Тетово: – 18%, Боговиње: – 37%, Желино: -28%, Врапчиште: – 32%, Гостивар: – 35 %, Кичево: – 36 %, Струга: – 32%. Ова е суровата реалност коешто го донесе Али и неговото учество, повеќе од две децении во Владата. И после овие порази донесени од тандемот ДУИ СДСМ, уште ли ќе не убедуваат во нивните приказни и басни. Скапо Македонците, и Албанците ја плаќаат нивната неспособност. Затоа Тетово да го издигнеме над она мочуриште политичко што тие го оставија. А изборот којшто го имаат тетовци на овие избори е да живеат со оние коишто само ги слушаат, зборуваат или пак оние коишто работат и испорачуваат“, нагласи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче од Гевгелија: Државата не е пи-ар агенција на Мицкоски, на народот му е потребна вистинска помош
Следна Статија Роналдо за учеството на СП 2026: Мојата филозофија е да живеам ден за ден, без долгорочни планови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски сподели снимка од изградбата на коридорите 8 И 10, се работи и на Штип-Отиња и на автопатот кај Букојчани

Во моментот во Македонија активно се работи на повеќе автопатски делници, и тоа автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10Д…

September 18, 2025
ПОЛИТИКА

Османи ниту потврдува ниту демантира дека се сретнал со Груевски во Унгарија

Средбите на министрите за надворешни работи се класифицирани информации и по закон не можат да се откријат. Ова денеска го…

September 1, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ на Конгрес ќе бира ново партиско раководство

СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес, каде се очекува да биде избрано новото раководство на партијата, односно новите членови…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

Меџити: Ако бидам избран за градоначалник на Чаир, Беким Сали ќе биде прв вицепремиер

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, изјави дека…

August 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?