Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче од Гевгелија: Државата не е пи-ар агенција на Мицкоски, на народот му е потребна вистинска помош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче од Гевгелија: Државата не е пи-ар агенција на Мицкоски, на народот му е потребна вистинска помош
ПОЛИТИКА

Филипче од Гевгелија: Државата не е пи-ар агенција на Мицкоски, на народот му е потребна вистинска помош

Објавено October 8, 2025 08:18
Сподели
Сподели

Ниту сме шести во Европа по раст на платите, ниту скандинавски живееме, годишната инфлација не паѓа, таа е 4%, народот живее тешко и тоа е факт, порача вчера претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ која се одржа во Гевгелија.

„Годишната инфлација е 4%. И тоа е факт. Ама излегува денеска податок за септември, цитирам од месец на месец се намалила инфлацијата -0,2%. Со статистички финти и спинови се обидуваат да ги убедат луѓето дека се како што треба. Па народот знае дека тоа не е вистина, секој ден во маркет, на пазар во продавница, граѓаните знаат колку чини млекото, лебот, знаат колку тешко живеат“, рече Филипче.

Филипче потенцираше дека граѓаните ја изгубиле вербата затоа што власта не испорачала резултати кои ги ветувала и ја повика владата конечно да, како што рече, престанат да лажат тука да преземат нешто и го подобрат стандардот за да може народот нормално да живее.

„Народот не живее од статистички финти и бројки. Престанете да лажете и земете нешто направете. Државата, Владата не е тоа пи-ар агенција на Мицкоски. На народот му е потребна вистинска помош“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, Филипче, рече дека економијата е во колапс, индустријата опаѓа, малите бизниси се борат за опстанок, земјоделците се пред банкрот, додека работниците немаат со што да го дочекаат крајот на месецот. „Но тука се и лекарите, наставниците, пензионерите кои сите се оставени сами на себе“, рече Филипче

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Нападнат автомобилот во кој се наоѓал претседателот на Еквадор, луѓе фрлаа камења, најдени траги од куршуми
Следна Статија Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Центар ќе го вратиме во рацете на граѓаните, време е за нова енергија и вистински промени

Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со министерката за финансии…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски со порака до поддржувачите на СДСМ: Во недела гласајте за број 9 за катарзата и реформите во СДСМ да почнат

Митко Костадиновски е човек којшто си ја сака и се бори за проект повеќе за Виница, човек голем патриот и…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

Вилата за која опозициските портали лажат дека е на Мицкоски, всушност е во сопственост на државна институција во Хрватска

Премиерот Христијан Мицкоски не поседува недвижен имот во Хрватска или Црна Гора, дознава Курир. Тоа значи дека се невистинити објавите од…

August 12, 2025
ПОЛИТИКА

Четири пратеници на Таравари остануваат со мнозинството?

Четири од петте пратеници на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари нема да преминат во опозиција. Тие би останале со…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?