Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бујар Османи му честиташе победа на Меџити во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Бујар Османи му честиташе победа на Меџити во Чаир
ПОЛИТИКА

Бујар Османи му честиташе победа на Меџити во Чаир

Објавено October 19, 2025 23:26
Сподели
Сподели

Кандидатот на коалицијата НАИ за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи се огласи на својот фејсбук профил. Како што вели, најпрво сака да го изрази неговото задоволство од изборниот ден.

„Оценувам дека имавме успешен изборен ден, без поголеми забелешки, и верувам дека тоа е важно да се потенцира. Сакам да изразам благодарност до сите соработници за време на целата кампања: активистите, партиските другари и коалиционите партнери, поддржувачите, форумот на жени и младинскиот форум. Навистина беше чест да се работи со посветеност и жртва, во процес во кој се создаде убава визија за Чаир, но и многу нови пријателства. Сепак, во политиката, последниот збор им припаѓа на граѓаните. Доволно долго сум во политиката за да ги препознаам и почитувам пораките што ги испраќаат граѓаните. Иако кампањата не беше ниту фер ниту целосно законита во сите аспекти, не сакам да се жалам, затоа што верувам дека чесноста и вредностите имаат значење само ако ги задржиш и во вакви ситуации.

Им честитам на мојот противкандидат и на целиот коалиционен тим што стоеше зад него — тие се победниците на изборите во Чаир и им посакувам успех во управувањето со општината во следните четири години.

На крај, сакам да им се заблагодарам на моето семејство — тие ја понесоа најголемата тежина од моето политичко ангажирање, но од нив ја добивав и најсилната поддршка“, напиша Османи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Овој резултат не е тој што го посакувавме, но не е лош со оглед на околностите
Следна Статија Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, зад него е Амар Мециновиќ од Левица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче,  беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не е…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

Османи се заканува: Мицкоски ќе сфати дека ако не сме во Влада мир нема да има

„Не по секоја цена сметам дека ДУИ треба да победи, меѓутоа граѓаните треба да одлучат кој ќе ги претставува во…

December 24, 2024
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Граѓаните се презаситени од црни кампањи, јас ќе нудам решенија

Во кампањата за локалните избори ќе нудам решенија за проблемите на граѓаните, кои се презаситени од црни кампањи, вели во…

August 10, 2025
ПОЛИТИКА

Ванчо Михајлов не бил фашист, туку симбол на борбата за независна Македонија, кажа екс-премиерот Георгиевски на судењето во Битола

И екс-премиерот Љупчо Георгиевски е горд ванчомихајловист и дојде во Основниот суд во Битола да сведочи во одбрана на, како…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?