Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче од Конгресот: Ние сме лекот, ние сме гласот што грми, СДСМ била факелот кој го покажувал патот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче од Конгресот: Ние сме лекот, ние сме гласот што грми, СДСМ била факелот кој го покажувал патот
ПОЛИТИКА

Филипче од Конгресот: Ние сме лекот, ние сме гласот што грми, СДСМ била факелот кој го покажувал патот

Објавено January 24, 2026 14:12
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на 31. Конгрес на партијата упати остар и симболичен говор, во кој СДСМ ја позиционираше како државотворна и заштитничка сила во македонското општество, спротивставена на, како што рече, обидите за поделба, пљачка и изолација на државата.

„Ние сме директни наследници на тие кои во 1944 година имаа храброст да кажат дека тука ќе има држава. Таа државотворност тече низ вените на секој еден од нас. Црвената боја на знамињата не е декор, туку потсетник да ја чуваме републиката тогаш кога другите сакаат да ја поделат, пљачкаат и изолираат“, изјави Филипче.

Во говор исполнет со силна реторика, тој ја опиша СДСМ како клучен коректив и заштитен механизам во општеството.

„СДСМ е имунолошкиот одбранбен систем. Ние сме лекот, ние сме гласот што грми“, порача претседателот на партијата, нагласувајќи дека улогата на СДСМ не е само политичка, туку и историска и општествена.

Филипче направи и историска паралела, истакнувајќи дека во најтешките моменти за државата, СДСМ била таа што го осветлувала патот.

„Кога ѝ се спуштал мрак на државата, СДСМ била факелот кој го покажувал патот“, рече тој.

Во завршниот дел од обраќањето, лидерот на СДСМ упати жестока критика кон актуелната власт, оценувајќи дека состојбите во државата претставуваат „брутално отрезнување“ за граѓаните.

„Ова е собир за спас на македонското достоинство. Погледнете што се случува надвор. Што ни донесоа овие на власт – тоа е брутално отрезнување. Ни ветија гордост, а нѐ донесоа до питачки спас“, изјави Филипче, завршувајќи со порака дека СДСМ останува подготвена за, како што рече, борба за државата и за граѓаните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Микрософт истражува прекин во услугите на Microsoft 365 и Outlook
Следна Статија Трамп тужи JPMorgan и Џејми Дајмон поради прекин на банкарски пристап

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, зад него е Амар Мециновиќ од Левица

Според првичните резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) до 22:30 часот, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Што се крие зад купувањето деловен простор на Левица по 721 евро м² во Центар на Скопје кога во овој дел не може да се најде квадрат под 2000 евра?

Димитар Апасиев е целосно демаскиран. Таканаречениот левичар, Апасиев левичарско во себе го има само името на партијата која ја предводи,…

April 5, 2025
ПОЛИТИКА

Младите во Македонија спасот го гледаат надвор, бројот на вработени намален за 17.000, велат од СДСМ

Последните податоци се алармантни, откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, бројот на вработени лица во државата е намален…

August 6, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС во недостаток на идеи, си најде партнер за насилство во Левица и пудлицата Апасиев

Во недостаток на идеи, во насилството партнер на Филипче и СДС им е пудлицата Димитар Апасиев. Филипче и СДС деновиве…

November 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?