Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Младите во Македонија спасот го гледаат надвор, бројот на вработени намален за 17.000, велат од СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Младите во Македонија спасот го гледаат надвор, бројот на вработени намален за 17.000, велат од СДСМ
ПОЛИТИКА

Младите во Македонија спасот го гледаат надвор, бројот на вработени намален за 17.000, велат од СДСМ

Објавено August 6, 2025 14:15
Сподели
Сподели

Последните податоци се алармантни, откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, бројот на вработени лица во државата е намален за над 17.000 луѓе, истакна на прес-конференција Јовица Јанковиќ од СДСМ.

Ова, како што рече, не е само статистика. Ова, според него, е вистината зад илјадници човечки судбини, намален број работни места, заминати млади, уништени надежи, растечка сиромаштија.

„Ова е доказ за економскиот колапс, за хаосот на пазарот на труд, за целосната отуѓеност на власта од реалноста во која живее народот.

Младите во Македонија спасот го гледаат надвор, бројот на вработени намален за 17.000.

Младите во Македонија денес ја плаќаат највисоката цена за неспособноста и ароганцијата на Владата на Христијан Мицкоски.

Пазарот на труд се стеснува, продуктивното население а пред се младите заминуваат, а пензискиот систем е ставен под ризик“.

Наместо да креира услови за нови и добро платени работни места, за задржување на младите, Владата додава тој, со својата ароганција одбива секаков предлог за зголемување на минималната плата и стимулирање на раст на платите.

Младите заминуваат, истакнува Јанковиќ, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а приоритетите на оваа власт се манго, папаја, луксузни патувања и тендери за блиски фирми.

„Секое трето дете во државата живее во сиромаштија. Половина милион граѓани живеат со плата под просечната.

Што направи Христијан Мицкоски за да им обезбеди подобри услови на овие луѓе? Што направи за младите да останат тука и да создаваат семејства, иднина, живот со достоинство?

Оперативниот план на Владата е само фасада и не е решение, со ограничен домет и краткорочен ефект за многу мал дел од невработените.

Проблемот е длабок и системски. Младите не гледаат перспектива со ВМРО-ДПМНЕ. Со години ги бројат парите од месец за месец и сè почесто го гледаат спасот надвор од Македонија.

Проблемот не се решава со партиски вработувања во администрација туку се продлабочува“.

СДСМ предупредува: ако не се смени курсот, ако не се застане веднаш со овие штетни политики – Македонија ја чека уште подлабока економска и социјална криза.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Франција тоне во финансиска криза: Долгот на земјата расте за 5.000 евра секоја секунда
Следна Статија Шешко се договорил со Манчестер јунајтед

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

„СДС, Левица и ДУИ бараат изговори за да го блокираат Изборниот законик“, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик и, според партијата, наместо…

July 13, 2026
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски во Сарај: Монтажен паркинг кај локалитетот Матка, осветлување, реконструкција на главната улица

Сарај ќе добие монтажен паркинг кај туристичкиот локалитет Матка, осветлување, реконструкција на главната улица и уште многу други проекти, најави…

October 4, 2025
ПОЛИТИКА

Да не побарале амбасадорите Ахмети никогаш немало да го истакне државното знаме

Лидерот на ДУИ Али Ахмети конечно по 24 години од основањето на партијата го поставил државното знаме во неговата канцеларија…

July 23, 2026
ПОЛИТИКА

Меџити: Владата има стабилно мнозинство, и без Таравари имаме 13-14 пратеници

Во моментов Владата има стабилно мнозинство и веќе има ист број пратеници и по заминувањето на Таравари. И во албанскиот…

May 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?