Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Партизација на МРТВ преку партиски директор ќе биде нов удар врз демократијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Партизација на МРТВ преку партиски директор ќе биде нов удар врз демократијата
ПОЛИТИКА

Филипче: Партизација на МРТВ преку партиски директор ќе биде нов удар врз демократијата

Објавено March 27, 2026 21:02
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, предупреди дека новиот оглас за избор на директор на Македонската радио телевизија отвора сериозен ризик од партизација на јавниот сервис, доколку на функцијата биде избрано лице без соодветни професионални квалификации, но близок до власта. Филипче посочи дека тоа би претставувало нов удар врз демократијата и независното информирање.

„Во тек е оглас за избор на нов директор на МРТВ. Имајќи предвид дека се погласни се шпекулациите дека за тоа место власта планира да поддржи човек кој што нема професионални квалификации, туку е само близок лично до премиерот и до некои други центри на моќ на владејачката партија, сметам дека е огромен ризик да после бруталната партизација на судството и прилично млитавата Државна комисија спречување на корупција, еден од столбовите на демократијата тоа е националниот сервис кој што треба да биде гаранција за независно објективно информирање на граѓаните, биде препуштен на партиски кадар или човек близок до луѓето на власта”, рече Филипче.

На брифингот Филипче упати апел до сите релевантните домашни и меѓународни чинители внимателно да го следат процесот на избор на нов директор на Македонската радио телевизија.

„Апелирам до професионалните здруженија синдикатите на новинари, ЗНМ, будно да го пратат овој процес. Не смееме да дозволиме партизација на овој столб на демократијата во државата. Апелирам до меѓународните организации, канцеларијата на Европската Унија, исто така будно да го пратат овој процес”, нагласи Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пропадна изборот за шеф на Вишо обвинителство
Следна Статија Двајца лишени од слобода, откако во автобус на Дурмо беа пронајдени куршуми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Падна договор во „Европски“ фронт: Села за Струга, Бујар во Чаир, Таравари за Гостивар

Падна договор во „Европски“ фронт за поделба на кандидати за градоначалничките места. Зијадин Села ќе се бори за Струга (ДУИ…

July 14, 2025
ПОЛИТИКА

Сали: „АС Сењак“, алката што го поврзува Ахмети со Мијалков и српскиот режим

Четврти ден владее молк и паника. Нема објаснување за трансакциите со акции меѓу фирмата „АС Сењак“ и компании поврзани со…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Хајредини: Додека во СДСМ се мешаат Заев и Ковачевски, рејтингот на Филипче ќе се намалува

На што се должи високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, кои чекори во овие сто дена донесоа зголемена поддршка кај граѓаните. Ја…

October 17, 2024
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра. Договарани се тендери за набавка…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?