Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97 проценти од нив добија само 1.000 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97 проценти од нив добија само 1.000 денари
ПОЛИТИКА

Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97 проценти од нив добија само 1.000 денари

Објавено October 2, 2025 18:15
Сподели
Сподели

„На пензионерите сакам да им порачам: вие сте последната група на граѓани којашто оваа власт ја прелажа,“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој потсети дека и пред пензионерите, излажани беа работниците, лекарите и земјоделците:

„После работниците на коишто платата им се намалува – просечната плата три месеци по ред се намалува. После лекарите кои не гледаат ниту денар зголемување на платата. После земјоделците на кои им се укинаа субвенциите. После социјалната помош која апсолутно никако не се зголемува – сега и пензионерите сфатија дека се излажани.“

Филипче подвлече дека доколку останеше методологијата воведена од СДСМ, пензионерите денес ќе имаа двојно поголемо зголемување:

„Да останеше нашиот систем на методологија за зголемување на пензиите, сега 97% од пензионерите наместо 1.000 ќе земеа 2.000 денари зголемување.“

Претседателот на СДСМ предупреди и на загрозувањето на Пензискиот фонд:

„Со т.н. воведување на линеарно зголемување на пензиите, го загрозија работењето на фондот. Дупката после исплатените 5.000 денари од 30% се зголеми на 50%. Тоа значи дека половина од парите за пензии ги покрива државата. Едноставно нема пари во фондот.“

„Ние таква дупка затекнавме во 2017 година и постепено ја намаливме до 30%. Имавме систем кој го зајакнува фондот и гарантира стабилна исплата,“ рече Филипче.

Тој укажа дека ветеното зголемување е илузија:

„Овие 1.000 денари се веќе изедени од инфлацијата. Пензионерите едноставно нема да почувствуваат ништо. Уште една лажна кампања излезе на виделина.“

„Работата не е да ги прелажеш граѓаните. Работата е да им кажеш како се работи во нивна корист и во интерес на државата,“ подвлече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: Изградба на клучка Хиподром, решение за сообраќајниот метеж на влезот во Скопје
Следна Статија Мицкоски: Карбинци мора да добие населба за млади брачни парови, едно евро квадрат, мора да работиме на демографијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Независни граѓански иницијативи се обединуваат во заедничка платформа за учество на локалните избори

Иницијативите Шанса за Центар, Независни За Карпош - За Заштита На Карпош, Зелените Од Гази Баба, граѓански активисти од повеќе…

July 24, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓеорѓиевски: Ќе победам во првиот круг, Скопје заслужува генералка, ред и стратегија

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓеорѓиевски, во интервју…

August 10, 2025
ПОЛИТИКА

Андреј Петров: Претседателот е прв одговорен во поразите

Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров, во емисијата „Тема на денот“ на Сител истакна дека по катастрофалниот пораз на…

November 16, 2025
ПОЛИТИКА

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ: „Никогаш не сум изгубил избори“

Откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ги соопшти новите имиња на кандидатите за градоначалници на локалните избори, без да…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?