Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче по средбата со Мицкоски: Ќе формираме работни групи за реформската агенда во правосудството, енергетиката и здравството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче по средбата со Мицкоски: Ќе формираме работни групи за реформската агенда во правосудството, енергетиката и здравството
ПОЛИТИКА

Филипче по средбата со Мицкоски: Ќе формираме работни групи за реформската агенда во правосудството, енергетиката и здравството

Објавено April 3, 2025 19:09
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ Венко Филипче го оцени состанокот со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како добар и конструктивен, потенцирајќи дека ова е позитивен сигнал дека тие ги слушаат барањата на граѓаните. Мицкоски и Филипче се договориле да бидат формирани работни групи за реформската агенда во делот на правосудството, енергетиката и здравството.

Имавме добар и навистина конструктивен состанок со премиерот. Сметам дека и до него јасно е стигната пораката и барањето на граѓаните за некаква форма на заедничка работа во сфери кои што се битни да го подобрат квалитетот на живеење. Начелно договоривме дека ќе работиме на начинот да формираме заеднички тела или работни групи во делот, пред се, на спроведување на реформската агенда, рече Филипче.

Според него, првичните закони кои треба да стигнат во Собранието се од правосудството, нешто што ги тангира сите граѓани, од областа на енергетиката и од здравството.

Претседателот на СДСМ рече дека има воља од двете страни, дека допрва треба да се разработи методологија за работа на заедничките групи, како и дека ова е првичен состанок. Следна средба засега не е договорена, но ќе треба да бидат номинирани експерти кои ќе бидат дел од работните групи.

Сега ќе номинирам неколку експерти од областа на правосудството и енергетиката кои ќе се вклучат во изработката на законите коишто се дел од реформската агенда а треба да стигнат. Ова е меѓупартиска средба, но секако дека ќе бидат поканети и сите партии да се вклучат, рече Филипче.

Тој очекува дека по ова сите политички партии ќе седнат на масата.

Ова е за доброто на државата. Немаме доволно човечки капацитет, а младите се повеќе заминуваат од земјата. Затоа, мора да се пушти порака за обединување за доброто на државата, вели Филипче.

На средбата се зборувало и за евроинтеграциите и уставните измени, но, како што изјави Филипче, за жал, тука тие имаат различни позиции.

Ги разбирам позициите на премиерот. Останува за ова да разговараме дополнително, рече претседателот на СДСМ.

Филипче уште еднаш нагласи дека не станува збор за етнички состанок.

Смета дека средба со другите лидери треба да биде следно што треба да се случи по оваа средба.

Граѓаните со ова треба да бидат свесни дека некој ги слуша нивните барања, рече Филипче оценувајќи ја оваа средба како позитивен сигнал наведувајќи дека за првпат се случува вакво нешто во земјата.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот со Модуларната болница, рече дека не чуствува одговорност и дека нема проблем случајот да биде повторно отворен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Без оглед на разликите со Филипче, потребно ни е единство за Македонија и важните прашања
Следна Статија Мицкоски за кочанската трагедија: И јас сум гневен поради пропустите на системот, но има и глодари кои сакаа да ја злоупотребат несреќата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево за вредностите кои ги застапува Александар

По вториот круг очекувам 59 градоначалници да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што ќе ја заокружиме највисоката бројка во…

October 29, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Вреди нема да добие плус ресор, еден ист човек ќе биде и вицепремиер и министер

Нема да има нови ресори, ВРЕДИ нема да добие плус човек, еден ист човек ќе биде вицепремиер и министер, изјави…

November 26, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени

ВМРО-ДПМНЕ сака повторно да ја врати Македонија во времето на страв, на уцени и притисоци, но граѓаните нема да потклекнат,…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Фетаи: Замрзнувањето на балансерот нема да спречи нови вработувања

Важно е тоа што конечно ќе се донесе Закон за правична застапеност, кој уставното правило ќе го преточи во законска…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?