Филипче: Предложивме закон, минималната плата да биде 27.000 денари

„Денеска во услови на голема економска несигурност како одговорна опозиција, предлагаме измени и дополнувања на законот за минимална плата. Со измените предвидуваме  минималната плата да се покачи на 27 700 денари што претставува пораст од 12, 3 проценти“, посочи претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Со ова не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците туку и ќе влијаеме на порастот на просечната плата што ќе има позитивен ефект на секое семејство во државата. Методологијата на усогласување на минималната плата со порастот на трошоците на живот и просечната плата останува и понатаму како дел од овој закон, со тоа ќе обезбедиме сигурен и постојан раст на приходите на граѓаните во иднина“, посочи Филипче.

Филипче потенцираше и дека сериозен проблем за македонската економија е повратот на ДДВ, односно дека долгот на УЈП кон компаниите е од 250 до 300 милиони денари, што не се има случено во последните седум години.

„ВМРО ДПМНЕ ја враќа економијата во ерата на селективно плаќање и исплаќање на ДДВ  карактеристика и пракса до 2016 година. Сите овие индикатори потврдуваат дека Владата не создава подобри услови за стопанството и раст на економијата. Ова говори само за неодговорно менаџирање со парите на граѓаните, наместо тоа гледаме само зголемување на трошоците за живот“, порача Филипче.

Сподели ја оваа статија